Daily news
Почина Чак Блејзер „свиркачот“ кој ја разоткри корупцијата во ФИФА
Поранешниот челник на Фудбалскиот сојуз на САД, Чак Блејзер, по чие сведочење беше разоткриена корупцијата во ФИФА, почина на 72-годишна возраст.
Чак Блејзер пред судот во ноември 2013 година ја призна вината за примање поткуп, перење пари и даночно затајување, а потоа се согласил да помогне во истрагата која откри низа корупциски скандали во ФИФА.
Неговите информации помогнаа да бидат подигнати обвиненија против 14 поранешни челници на ФИФА и придонесоа да биде сменет тогашниот претседател Сеп Блатер.
Блејзер во минатото бил генерален секретар на КОНКАКАФ (Федерација на Северна и Централна Америка и Карибите) и член на Извршниот комитет на ФИФА.
Полицијата го уапси Блејзер на Менхетен, во Њујорк во 2011 година, а потоа тој се согласи да соработува со правосудните органи. Тој во периодот од 1996 до 2011 година на име на провизии и други исплати стекнал 20,6 милиони долари.
ФИФА на 9 јули 2015 година му изрече доживотна суспензија од фудбалот. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
