Daily news
Пратеникот Димитриевски објави видео од нападот во кумановскиот ресторан
По прес-конференцијата на Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ кој посочи дека местото на Максим Димитриевски не е во политиката, туку во затвор, со свој став се јави пратеникот од редовите на СДСМ.
Димитриевски на неговиот Фејсбук профил вели дека го разбира Петковски, бидејќи тој морал да даде отчет за тендерите и услугите кои неговата фирма ги вршела за јавните и државни институции.Пратеникот објави и фотографија, која како што вели е направена од насилниците кои го нападнале и се обиделе да го линчуваат.

Фото извор: Фејсбук/Максим Димитриевски
„Не сум изненаден, на вакви монтажи се жалат многу граѓани, додека невини лица се неправедно монтирани, обвинети и санкционирани од овој систем поради ставот да бидат различни од „патриотите““, пишува Димитриевски.
Во телефонски разговор, тој за „Макфакс“ потврдува дека поседува повеќе видеа од нападот кои јавно ќе ги објави, а едно од нив веќе е споделено на мрежата „Јутуб“.
„На видеото јасно се гледа како таткото насилник удира колега од полицијата. Тие не’ само што не’ нападнаа и ни ја растурија веселбата, туку тегнеа и влечеа жени , додека нивните колеги од СВР Куманово ги пуштија да си заминат“, пишува пратеникот.
Димитриевски потенцираше дека е добро што ова му се случува на него, бидејќи сега се отворила можност за расчистување, на како што вели, криминогениот апарат во МВР кој бил партизиран. Тој посочува дека Министерството треба да му се извини затоа што од него направиле насилник, а од насилникот-жртва./крај/мф/кл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
