Daily news
Прилепчанец се удави во Преспанското Езеро
Педесет и тригодишен прилепчанец се удави во Преспанското Езеро.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.30 часот во близина на село Долно Дупени, Ресенско, во Преспанското Езеро бил пронајден удавен Р.А. (53) од Прилеп.
Телото од езерото го извадиле полициски службеници.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Ресен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
