Контакт

Daily news

Продолжија протестите – за петок најавени плановите

Објавено пред

По неколкудневна пауза заради велигденските празници, продолжија протестите на т.н. граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“.

И овојпат учесниците ги повикаа граѓаните на масовен протест „за да го одбранат Уставот и да не дозволат избор на претседател на Собрание кој под перница ја чува Тиранската платформа“.

Со транспаренти „Петок е денот“, најавија дека на крајот на работната недела ќе ги соопштат плановите за наредниот период. Во соопштението објавено на нивната официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук тие се осврнаа и на посетата на Карл Билд .

„Денес во земјава има уште еден лажен пророк кој мисли дека може да дојде на неколку часа во земјата и да витка кичми и раце. Должност ни е да го пречекаме домаќински и да му кажеме што мислиме за таквите политичари кои нè нарекуваат Славомакедонци, и уште се толку дрски да доаѓаат тука и да сеат магла дека биле загрижени за нас. Некој кој нe сака да ни го каже ниту името и не ја осудува Тиранската платформа, нема што да бара и нуди во нашата држава“, стои во објавениот пост.

На протестот се величеше одбивањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов да остане на цврстиот став и да не го прими шведскиот дипломат, кој, пак, претходно возврати дека е „среќен“ што го одбил, бидејќи имал многу средби со релевантни лидери. На протестот зборуваше и Елена Мисиркова која порача дека Македонија е во опасност и ги повика сите националности и малцинства да се приклучат. крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 секунди

Орландо и Феникс во плејофот

Орландо Меџик и Феникс Санс ќе играат во плејофот на НБА шампионатот по не толку интересните натпревари од плејофот, одиграни...

Забава46 секунди

По Британија, и Полска го откажа концертот на Канје Вест поради контроверзии

Полска го откажа концертот на Канје Вест, неколку дена откако негов настап беше одложен и во Франција поради реакции за...

Македонија16 минути

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење...

Македонија23 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме СДСМ да расчисти со светот и да стане опозиција во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Венко Филипче и СДСМ стануваат сѐ поарогантни и дека делуваат целосно отуѓени од реалноста, оценувајќи дека наместо...

Македонија30 минути

ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции

Демократската унија за интеграција (ДУИ) алармира за сериозен пад на странските директни инвестиции во Македонија, повикувајќи на политичка одговорност од...

Свет42 минути

Тензии во Ормускиот теснец: спротивставени позиции и глобална загриженост

Тензиите околу Ормуски теснец и понатаму се високи, додека светските лидери изнесуваат спротивставени ставови за решавање на кризата. Додека американскиот...

Свет50 минути

Tрамп најавува објава на интересни НЛО-документи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација пронашла низа многу интересни документи поврзани со НЛО, додавајќи дека првите...

Македонија56 минути

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните...

Спорт10 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...