Контакт

Daily news

Промоција на книгата „Диссомнии“ од Игор Станојоски

Објавено пред

Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ ја најавува промоцијата на романот „Диссомнии“, најновата книга на македонскиот писател Игор Станојоски, како дел од програмата „Македонска поддршка“ на Фестивалот.

Промоцијата ќе се одржи утре, 4 ноември 2017 година, со почеток во 20 часот во клуб-ресторанот МКЦ. Промотори на романот ќе бидат Лидија Капушевска-Даркулевска и Душко Крстевски.

„Диссомнии“ е сижејно комплексен роман со исклучително непредвидлив тек на раскажаните настани. Дејството е со многу пресврти и содржи елементи на трилер, хорор и психолошки роман. Читателот од самиот почеток ужива во сите раскажувачки нишки, но оставен е до пред самиот крај да се прашува каде води сето тоа и со што ќе резултираат сите елементи на личната и семејната драма на раскажувачот, изненадувачки испреплетени со колективната драма предизвикана од општествени немири.

„Роман каков што досега не видела македонската литература. Уште еднаш, можеби најсилно досега, Станојоски се покажува како мајстор за заплети, брзина, акција и изобилство од дејство, шокантен во самиот крај. Да, ова е роман што шокира и трајно се врежува во меморијата“, пишува во рецензијата кон романот Фросина Пармаковска.

„Роман што ве голта во својата пајакова мрежа, исполнета со неизвесност и со авантура што се разгорува со секоја нова страница“, коментира рецензентот Душко Крстевски.

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген (1979). Дипломирал во Скопје на Катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов, Катовице и Брно. Докторирал во Полска во 2009 година. Од 2014 година е насловен доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Автор е на романите „Гаргара“ (2014), „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ (2016) и „Диссомнии“ (2017).

Големото финале на третото издание на Фестивалот ќе се случи на 5 ноември 2017 година со почеток во 20 часот во клуб-ресторанот МКЦ, кога ќе биде промовирана поетската антологија „Нема стих, нема мир!“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Црна хроника5 минути

Уапсен скопјанец по пријава за обљуба на 32-годишна жена во Лисиче

Четириесет и едногодишен скопјанец е приведен по пријава дека на подрачјето на Лисиче две лица извршиле обљуба врз 32-годишна жена....

Спорт11 минути

Кими Антонели со „Мерцедес“ утре ќе стартува од пол позицијата

На квалификациските трки во Ф1, денес во Белгија, на легедарната Спа, првите места ги освоија Кими Антонели со „Мерцедес“, пред...

Спорт21 минута

ФИФА богато го наградува финалето: еве колку ќе заработи судијата Винчиќ

Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Веста лично...

Спорт30 минути

Шпанскиот крал и премиерот ќе бидат на финалето, лидерот на Аргентина нема да отпатува поради суеверие

Шпанскиот крал Фелипе Шести, премиерот Педро Санчез и членовите на кралското семејство ќе присуствуваат на финалето на Светското првенство во...

Црна хроника34 минути

Тешко повредена мотоциклистка во сообраќајна несреќа во Битола

Триесет и деветгодишна мотоциклистка се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината сопатничка со телесни повреди во сообраќајна несреќа што...

Спорт43 минути

Што ќе се случува со Меси по СП?

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека не знае дали актуелниот Мундијал ќе биде последниот во кариерата на Лионел Меси....

Спорт49 минути

Кукуреља најави повлекување ако Шпанија стане светски шампион

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља изјави дека ќе се повлече од националниот тим доколку Шпанија ја победи Аргентина во финалето на...

Црна хроника1 час

Фатална несреќа при сеча на дрва кај Пехчево: маж почина на пат кон болница

Педесет и осумгодишен маж починал откако се здобил со повреди при сеча на дрва во близина на пехчевското село Панчарево....

Македонија1 час

ИЈЗ ја анализира водата во Гостивар, резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството

Институтот за јавно здравје соопшти дека зел примероци од водата на посочени локации во Гостивар, откако Јавното обвинителство побарало да...