Daily news
Распишана потерница по поранешниот црногорски претседател Маровиќ, се смета дека се крие во Белград
Црногорската полиција распишала потерница по поранешниот црногорски висок државен функционер Светозар Маровиќ, пренесуваат регионалните медиуми.
Маровиќ веке некое време е недостапен за црногорските државни органи, и според „оперативните сознанија, тој се наоѓа на лекување во Белград“.
Маровиќ е осуден на три години и 10 месеци затвор поради малверзации со општински недвижнини во Будва, пришто заедно со својот син и група поранешни локални функционери и бизнисмени, го оштетиле локалниот буџет за повеќемилионски износи. Тој ја призна вината и минатата година се спогоди со државата да плати 1,2 милиони евра./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
