Контакт

Daily news

Сандеј Тајмс тврди: Русија и дала ултиматум на Македонија

Објавено пред

„Сандеј Тајмс“ излезе со тврдење дека амбициите на Русија кон Македонија пораснале и дека Москва најдиректно и порачала на македонската влада дека или ќе ја смени страната, т.е. ќе се приклучи на Русија, или ќе страда.

 

„Македонија се најде под директен притисок минатиот месец од руските официјални лица да се оттргне од Западот или “ќе се соочи со одмазда”, пишува во најновиот број на „Сандеј тајмс“, потпишан од новинарот со македонско потекло Бојан Панчевски.

 

Како знак на растечките амбиции на Кремљ на Балкан, на членовите на Владата на Република Македонија и беа презентирани барањата на рускиот амбасадор да ја префрли својата лојалност кон Москва. Оваа интервенција, според весникот, се случила во услови на кулминација на политичката криза, која довекла до окупација на македонскиот Парламент две недели подоцна. “Русија нема потреба од Македонија, но Македонија не може да преживее без Русија”, тврдел амбасадорот Олег Шчербак.

 

Москва застана јавно во одбрана на 11-годишното владеење на конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која одбива да ја предаде власта на  коалицијата предводена од опозицијата, откако победи тесно на парламентарните избори во декември.

 

„Кремљ, исто така, застана во одбрана на активностите на вооружените насилници кои упаднаа во Pарламентот и ги нападнаa опозициските пратеници, вклучувајќи ги и Зоран Заев, лидерот на левичарската Социјалдемократска унија, кој се надева дека ќе стане премиер“, пишива „Сандеј Тајмс“ и продолжува со истражувањата тврдејќи дека она што не успеа лани во Црна Гора околу преземањето на Парламентот сега се случува во Македонија.

 

„Зад сцената, сепак, се чини дека Русија барала висока цена за својата поддршка, според она што се дознава околу средбата со која претседавал Шчербак и неговиот заменик, Константин Берсенев. Русите побарале од своите домаќини – меѓу кои поранешниот премиер, Никола Груевски, за кој се уште се верува дека ги влече конците иако се повлече од функцијата по изборите – да возвратат со поддршка на Москва и да воспостават проруски курс“, стои во текстот на „Сандеј Тајмс“.

 

Неуспехот да го сторат тоа, предупредиле Русите, може да доведе до забрана за македонскиот извоз на земјоделски производи во Русија, што ќе биде штетно за државата, една од најсиромашните во Европа. Владата на Македонија одговорила со стратешки документ во кој била направена анализа на спроведувањето поблиски врски со Москва, но висок владин извор изјави дека Москва имала малку што да понуди во замена за напуштањето на обидитете за прием во ЕУ и во НАТО.

 

„Владимир Чижов, рускиот амбасадор во ЕУ, го оправда интерес на Кремљ за Балканот велејќи дека тој и нуди на Македонија “алтернатива на евроатланската интеграција”, бидејќи Западот “нема монопол на вредности”. Никола Попоски, македонскиот министер за надворешни работи, ги минимизираше контактите со Москва. “Русија може да има свои интереси, тоа е легитимно“, рече тој. Британски и европски дипломати истакнуваат дека Русија ги засилила своите активности на Балканот откако почувствувала “вакуум”“, се додава во текстот.

 

Во октомври, обвинителите во Црна Гора обвинија два руски шпиони за оркестрирање на превирања и обид за насилно преземање на Парламентот по изборите. Сега Македонија се чини е на радарот на Русија. “Она што требаше да се случи минатата година во нашата земја сега се случува во Македонија. Само Русите ја поддржуваат владата наклонета на Кремљ која одбива да се повлече”, предупреди министер во владата на Црна Гора“, стои во текстот на „Сандеј Тајмс“, еден од најрелевантните и најинформирани медиуми во Велика Британија.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава1 час

Една навика по јадењето може да го држи шеќерот под контрола: лекарите со препорака

По обилниот оброк, многу луѓе само сакаат да се одморат на креветот, но експертите истакнуваат дека едноставна промена во рутината...

Свет2 часа

Стармер по оставката на министерот: Ќе направам сè за безбедноста на Велика Британија

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека „секогаш ќе прави сè што е потребно за да ја одржи земјата безбедна“, откако...

Македонија2 часа

Герасимовски во Капиштец: Секој граѓанин ќе може онлајн да ја следи бучавата на клучните точки во општината

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите...

Македонија2 часа

Жителите на Капиштец на протест: Секој викенд сме изложени на прегласна музика, сериозен проблем е и паркингот

На денешниот мирен протест, жителите на Капиштец со порака до надлежните институции, бараме почитување на законите, еднаков третман за сите...

Свет3 часа

Сè повеќе бездомници во Европa, трошоците за домување и цените на куќите значително зголемени

Зголемените трошоци за домување сè повеќе го прават правото на соодветно домување недостапно за многу Европејци, што доведува до брзо...

Свет3 часа

Зеленски за ЛГБТ правата: Ние сме модерни луѓе

Володимир Зеленски рече дека правата на ЛГБТ+ заедницата во Украина треба отворено да се дискутираат јавно, што е една од...

Македонија3 часа

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Турција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе...

Свет4 часа

Трамп: Ги откажувам нападите врз Иран, постигнавме напредок во преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth Social дека ги откажал планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва. Како причина...

Македонија4 часа

Утре променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето утре, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со...