Контакт

Daily news

СДСМ ги објави имињата: Петре Шилегов официјално кандидат за градоначалник на Скопје

Објавено пред

СДСМ денеска ги објави имињата на досега потврдените кандидати за градоначалници на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври.

dobivaj vesti na viber

За град Скопје кандидат за градоначалник е Петре Шилегов. Во општините во рамките на Скопје кандидати се: Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром, Велимир Смилевски за општина Бутел, Борче Георгиевски во општина Гази Баба, Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев во општина Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во другите општини во Македонија потврдени се следните кандидати: за општина Арачиново – Миликије Халими, Богданци – Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово – Перо Костадинов, Вевчани – Сашо Јанкоски, Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково – Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево – Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево – Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Св. Николе – Сашо Велковски, Сопиште – Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски и за општина Штип – Благој Бочварски.

Од СДСМ наведуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе бидат потврдени кандидатите и за другите општини.

„СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните“, велат од владејачката партија.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион42 минути

Три лица извлечени од морето во различни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти...

Свет58 минути

(Видео) Американци: Историска заплена на иранско оружје наменето за Хутите

Американската војска објави дека Националните сили на отпорот (NRF) на Јемен, предводени од генералот Тарек Салех, успешно пресретнале и заплениле...

Свет2 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска. Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа10 часа

(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот...

Свет11 часа

Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да...

Македонија14 часа

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101...

Македонија15 часа

Докторка затекната при примање поткуп во битолска болница: најостра осуда од Министерството за здравство

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ...

Македонија16 часа

Незгода на патниот правец Битола – Прилеп: сообраќајот во прекин за тешки моторни возила, патничките се пропуштаат наизменично

Од 15:45 часот поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај...

Македонија16 часа

Во земјава има 200.000 дивоградби, предничи Гостивар, вели Меџити и повикува институциите да делуваат, но не селективно

Сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој 12 години беше градоначалник на Општина Чаир, повика институциите да...

Македонија17 часа

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи...

Македонија17 часа

Активни три пожари во државата, оној кај Николиќ ставен под контрола

Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи. Во моментот сѐ уште е...

Македонија18 часа

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија19 часа

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија19 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија20 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија20 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ20 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ21 час

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија21 час

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...