Контакт

Daily news

СДСМ: Новата Влада го унапредува социјалниот дијалог, работничките права и отвора пат за развој на економијата

Објавено пред

„СДСМ, како социјалдемократска партија високо ги почитува ставовите на синдикатите околу унапредувањето на социјалниот дијалог и работничките права, како и економскиот напредок со цел отворање работни места и повисоки плати. Поради тоа, Програмата на новата реформска Влада во најголем дел се темели на овие заеднички цели и определби, внесени во неа во широки консултации со работниците, синдикални организации, комори“, велат од СДСМ.

„Во Програмата предвидуваме измени и дополнувања на Законот за работни односи во насока на унапредување на работничките права и во овој процес синдикатите и Економско – социјалниот совет ќе имаат клучна улога. Воведуваме синдикално здружување и во приватните фирми, со што ќе постигнеме унапредување на работничките права и во тој сектор, нешто што до сега не функционираше“, додаваат од партијата.

„Дополнително, во колективното договарање родовата компонента ќе биде земена во предвид со цел зголемување на спроведување на правата на двата рода подеднакво. Ќе ја зголемиме за 100 пати државната пoддршка за домашните мали и средни претпријатија со цел отворање нови и подобро платени работни места. За тоа, отворени сме за соработка со сите засегнати страни. Ова покажува колку се важни за СДСМ и за новата реформска Влада работничките права и развојот на економијата за квалитетен живот на сите“, заклучуваат од СДСМ./крај/мф

Најново

Спорт4 секунди

„Револуција“ на Анчелоти во Бразил, избриша 16 играчи од Светското првенство

Карло Анчелоти започна нова ера на клупата на бразилската фудбалска репрезентација. Италијанскиот тренер го објави списокот од 26 играчи за...

Македонија9 минути

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Демократската унија за интеграција бара институционална одговорност за Биљал Касами, кој, како што велат од оваа партија, при одбележувањето на...

Свет22 минути

Ескалацијата меѓу САД и Иран ги зголеми цените на нафтата

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 101 долар за барел во средата навечер за прв пат од мај,...

Македонија29 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и...

Македонија40 минути

„Нула денари“ е најскапата лага, ова е класичен рекет, систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, велат од ЛДП за манифестациите

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено...

Култура1 час

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет1 час

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија1 час

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет1 час

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...