Daily news
СДСМ: По локалните избори, целосно ќе се ослободат институциите што ги злоупотребуваше Груевски
Заврши времето на партизирани и заробени институции кои, наместо во служба на граѓаните, работеа во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Во согласност со реформскиот план 3-6-9 на Владата предводена од СДСМ започнат е процесот на ослободување и професионализација на институциите заробени и злоупотребувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот процес ќе продолжи и по локалните избори кога ќе се ослободат и институциите на локално ниво, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, реформите во администрацијата гарантираат вистински професионален, слободен и независен сервис на граѓаните и државни институции што ќе работат во интерес на граѓаните и државата наместо во интерес на политичарите и партиите, како што правеа ВМРО-ДМНЕ и Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
