Контакт

Daily news

Селмани: МПМ е свесно уништена – власта во заминување ги злоупотребува медиумите

Објавено пред

Според него, случајот на уништување на МПМ е еклатантен пример за што служат медиумите во Македонија, поточно медиумите не постојат за информирање на граѓаните туку за политичка пропаганда на власта во заминување која остава пустош зад себе.

Она што загрижува во случајот со МПМ е тоа што има сериозни индиции дека компанијата свесно се уништува оставајќи без егзистенција стотина фамилии. Менаџментот и сопствениците молчат во врска со информациите во јавноста дека во август 2015, кога на новинарите им се намалувале платите до 20 отсто, на директорката Станисављева ѝ била понудена плата од 25000 евра, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Според него, случајот на уништување на МПМ е еклатантен пример за што служат медиумите во Македонија, поточно медиумите не постојат за информирање на граѓаните туку за политичка пропаганда на власта во заминување која остава пустош зад себе.

-Медиумскот систем во Македонија е корумпиран, власта во спрега со сопствениците на медиумите ги злоупотребува медиумите, примерот на МПМ е само еден дел од тој мозаик на криминал и корупција што, веројатно, постои и во другите медиуми, вели Селмани.

Тој во име на Здружението на новинари го осуди однесувањето на менаџментот на МПМ, кој, како што кажа, не само што не успеа да ја спаси компанијата туку и се обидуваат да ги избегнат законските обврски за компензација на новинарите.

-Крајно време е сите да се освестиме и медиумите да бидат ослободени од овие валкани игри за останување или за доаѓање на власт, рече Селмани.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници исто така го осуди односот на менаџментот на МПМ со новинарите. Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, изјави дека мора да се стави крај на уништувањето на економскиот и социјалниот статус на новинарите.

Чаусидис информираше дека ССНМ и ЗНМ се во постапка за кривична пријава против менаџментот на МПМ за склучување договори кои не одат во прилог на новинската агенција и што е директна причина за пропаѓањето на компанијата.

-Информациите за МПМ кои излегоа во јавноста се сериозна индиција која подразбира кривично гонење и ние веќе сме во постапка за кривична пријава за вклучување штетни договори, злоупотреба на службената должност којашто свесно ја однесе фирмата во финансиски тешкотии, ги намали платите на новинарите и на крај дојде до затворање на печатените изданија на весниците и на оставање луѓе без работа, вели Чаусидис.

Според неа, злоупотребата на службена должност и свесното носење на фирмата во пропаст е нешто што не е дозволено според закон.

– Преку високи и штетни договори се извлекуваат парите од фирмата, МПМ според нашите сознанија последните две години работи со загуба. Во таква ситуација да склучувате договори на високи суми не значи ништо друго освен злоупотреба на службената положба, рече Чаусидис.

Синдикатот на новинарите и медиумските работници побара од институциите да влезат во МПМ и да истражат што точно се случува и за какви договори се работи.

– Ние имаме информации за она што е објавено веќе подолг период, но ништо не се случи. Очекуваме тоа сега да се промени и токму преку овој пример да запре јавашлукот и користењето на компаниите за извлекување пари и други криминални дејности, вели Чаусидис. крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија56 секунди

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија26 минути

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура46 минути

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника52 минути

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника53 минути

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...

Македонија56 минути

Скопјанец повикан во полиција, управувал дрон без дозвола

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во...

Регион1 час

Додик присуствуваше на собир на движењето „MAGA“. „Не можев да поминам, сите постојано ме запираа“

Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, денеска изјави дека е уверен оти сегашниот став на американската администрација...

Македонија2 часа

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија2 часа

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...