Daily news
Сириските Курди ослободиja шест реонa oд градот Табка од “Исламска држава”
Единиците на Сириските демократски сили, составени главно од Курди, ослободија шест нови реони од градот Табка, кој го држат џихадистите на ИД и кој е лоциран во близина т.н. нивна престолнина градот Ракка, пренесе РИА Новости.
“Нашите борци, мажи и жени, напредуваат и вчеравечерта и ослободија шест нови реона од градот Табка, кои беа во рацете на терористите на Исламска држава “, соопштија Сириските демократски сили.
Курдските милитанти истакнаа дека во моментов ги чистат ослободените области, за да бидат сигурна нивната безбедност. За време на проверките откриени се напуштени магацини со оружја…крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
