Daily news
Следната недела температурите ќе достигнат 40 степени, од четврток повторно заладување
За време на викендот и во почетокот на наредната недела под влијание на топла воздушна маса ќе преовладува сончево и топло време, соопшти УХМР.
Максималните температури до понеделник ќе достигнуваат до 39, а во вторник и среда и до 40 степени.
Во овие денови во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на температурите за околу 5 степени се очекува во четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
