Контакт

Daily news

Сообраќајот во Прилеп е уреден по европски терк

Објавено пред

 

Со зголемувањето на бројот на возила во Прилеп се јави потребата од редефинирање на сообраќајниот и паркинг систем во градот. На повеќе места старите семафори беа заменети со кружни текови кои не предизвикуваат застој во движењето, информираат од Општината.

„За оваа намена се изградија повеќе кружни текови :

  • Кружен тек со споменик „Карпалак“
  • Споменикот „Прилепски бранители“ кај хотелот Липа
  • Кржен тек кај Поштата
  • Кружен тек кај поранешна фабрика „Солидност“

 

Поради одличните ефекти кои се постигнаа со изградбата на кружните текови и намалувањето на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје во наредниот период локалната самоуправа на Прилеп планира да изгради уште неколку кружни текови со што дополнително ќе се растовари сообраќајот. Нови кружни текови планирано е да бидат изградени кај :

 

  • Кружен тек на мост „Табана“, кој исто така треба да почне наскоро да се гради
  • Кај новата автобуска станица
  • Во близина на Економскиот факултет
  • Кружен тек кај маркет „Тинекс“, наспроти Домот за култура „Марко Цепенков“
  • Како и пред поранешна Градска кафеана во центарот на Прилеп

 

Паралелно со решавање на проблемите со сообраќајот локалната самоуправа ги решаваше и проблемите со паркинг просторите. Се изгради катна гаража со 400 паркинг места, а во завршна фаза е уште една катна гаража со капацитет од 200 паркинг места. Во план исто така е изградба на повеќе помали монтажни катни гаражи, и тоа кај :

 

  • Позади поранешна Градска кафеана со капацитет од околу 200 возила
  • На просторот помеѓу поштата и новата Општинска зграда со капацитет од околу 100 возила
  • На просторот пред „Кам маркет“, кај кружен тек „Карпалак“, со капацитет од приближно 100 возила
  • На парцелата на постојниот паркинг пред центарот за култура „Марко Цепенков“ со капацитет од приближно 100 возила

 

Сега Прилеп располага со 1.100 паркинг места распоредени во централното градско подрачје кои ги опслужуваат повеќе од 40 вработени лица. Градот е поделен на три зони за паркирање А, Б и Ц. Воведен е систем и за наплата по пат на СМС порака и грепки.

Наредните планови во однос на платениот паркинг простор се :

 

  • Осовременување на системот на наплата и контрола
  • Засадување на повеќе зеленило или изградба на настрешници на постојните паркинзи
  • Изградба на паркинзи за тешки товарни возила на периферијата на градот

 

Крајната цел на сите овие мерки и инвестиции е поголемо користење на јавниот превоз и велосипедите, со што ќе се намали загадувањето на животната средина и ќе се намали сообраќајниот метеж во центарот на градот, се наведува во информацијата на Општина Прилеп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија21 минута

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет28 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника29 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника52 минути

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион1 час

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура1 час

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...

Македонија2 часа

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, рече Ангелов и отиде да испие чаша вода од улична чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување...

Црна хроника2 часа

Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен...

Црна хроника2 часа

Едно лице тешко повредено, две со телесни повреди во сообраќајка кај Кичево

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село...