Контакт

Daily news

Спектакуларен концерт на британската виолинистка Ванеса Меј во Скопје

Објавено пред

Планетарно познатата британска виолинистка Ванеса Меј вечерва одржа спектакуларен концерт во салата Борис Трајковски во Скопје. Атрактивна, возбудлива и иновативна на секој настап, Меј приреди ретко доживување на македонската публика, која за првпат има можност да види звезда од ваков формат и од ваков музички бекграунд.

 

Позната како виолинистка која свири класика стилизирана со елементи на техно, џез па дури и фламенго, со своите уникатни експериментирања ги воодушеви и македонските обожаватели кои дојдоа да го проследат нејзиниот концерт. Тргнувајќи од својата девиза дека „свири музика која секогаш оди напред“ во времето, Меј внесе малку од тој победнички дух и на сцената во Борис Трајковски.

 

Меј  виолина и клавир свири од својата четвртта година, што и донесе прекар чудо до дете, кој пак го потврди на 13 години кога стана првиот солист на виолина на таа возраст што одржал концерт во Лондон. Нејзиниот микс на техно класика и донесе милиони продадени албуми во светот и милиони долари на банкарската сметка, поради што во 2006 година беше прогласена за најбогата музичарка под 30 години. Иако потеклото и е од Азија, поточно од Сингапур и Тајланд, тоа не провејува во нејзината музика која има друга инспирација. Со својата музика таа го освои целиот свет, а сега и Македонија е во него./крај/мф/сј

Најново

Македонија1 час

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт1 час

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт2 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија2 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт4 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт4 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија5 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт5 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија5 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...