Контакт

Daily news

Стевананџија: Не може да е добар ребалансот, а да е прекинат патот Прилеп-Градско

Објавено пред

На денешната седница во Собранието, каде што на дневен ред е расправaта за ребалансот на буџетот за 2017 година, пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, му реплицира на пратеникот на СДСМ, Сашко Поцков, кој посочи дека нема никаков кабает за масакрираниот ребаланс на буџетот за 2017 година затоа што никој не бил консултиран, ниту претседателот на Kомисијата за образование ниту потпретседателите на партијата, ова биле лични желби на шефот на партијата.

Стевананџија рече дека недозволиво е претседатели на комисии да не бидат консултирани за масакрираниот буџет.

„Денеска е 3 август, но нема нов живот, имаме само нова историја, а каква – прашајте го Каракачанов што до вчера го гоштевавте во „Воденица“. Не знам што јадел таму, но ни ја кажа болната вистина што сте ја договориле и тоа е жално“, потенцира Стевананџија.

Стевананџија обвини дека со ребалансот во вода паднала животната желба на многу граѓани. „Вие сакате да нè убедите дека ребалансот е добар, не може, колега Поцков, да е добар, не може, колега Поцков, да е добар ребалансот, а да е прекинат експресниот пат Прилеп-Градско, тоа е масакр. Животната желба на прилепчани, битолчани, долненци, кривогаштанци, крушевчани падна во вода, со одлука една на еден човек“, вели Стевананџија.

Стевананџија истакна дека не може да е добар ребалансот, а да се кратат 21 милион евра од средствата предвидени за образование, зошто кратите за спортските сали што треба да се градат во Прилеп и Битола и Гевгелија, запраша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да е добар ребалансот ако кратите 10 милиони денари од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, ниту еден амандман не помина предложен од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници. Не може да е добар ребалансот кога кратите 60 милиони  денари за реформи во полицијата, таа полиција што шарената револуција ја тепаше, за тие полицајци за кои правевте прес-конференции и се жалевте дека оделе боси и голи на браникот на татковината, е од нив кратите 60 милиони денари“, потенцира Стеванџија.

Пратеникот продолжи да ги набројува сите кратења што новата власт ги прави со новиот буџет. Не може да е добар ребалансот кога кратите 11 милиони евра од припадниците на македонската армија, од нашата гордост, не може да е добар овој ребаланс, рече Стевананџија.

Најново

Македонија4 минути

Левица: Клековски наместо да се извини, им држи лекции на докторите и ги обвинува дека зборуваат за лајкови

Во момент кога Гостивар се соочува со една од најтешките здравствени катастрофи, министерот Клековски не најде за потребно да се...

Забава16 минути

(Видео) Халанд славеше роденден на Азурниот брег со најблиските

Ерлинг Халанд ја искористи паузата пред новата сезона за да го прослави својот 26-ти роденден на Азурниот Брег. Норвешкиот напаѓач...

Култура51 минута

Со проекција на документарни филмови, во шест населени места заврши 17. Патувачко кино на „МакеДокс“

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните...

Спорт2 часа

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија2 часа

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт2 часа

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника2 часа

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет2 часа

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија2 часа

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...