Контакт

Daily news

Тексас: Две деца починаа во автомобил, мајката ги заклучила внатре за да им одржи лекција

Објавено пред

Две деца од Тексас, САД, починале во автомобил од прекумерна топлина откако мајка им ги заклучила за да „им одржи лекција“.

dobivaj vesti na viber

Би-би-си пишува дека Синтија Мари Рендолф (25) ги заклучила децата во автомобил, влегла во нејзината куќа, пушела марихуана и заспала.

Од високите температури починале нејзината ќерка која имала две години и синот кој имал 16 месеци.

Инцидентот се случил на 26 мај, кога температурата била 35 степени, а Синтија Мари Рендолф наскоро ќе се најде пред суд.

Мајката имала неколку верзии на настанот кои довеле до смрт на нејзините деца. Прво во полиција изјавила дека децата сами влегле во возилото и дека се заклучиле.

Но на крајот признала дека сама ги заклучила за да им одржи лекција.

Според нејзините зборови, децата тој ден си играле во автомобилот. Кога ќерката одбила да излезе надвор, Синтија ги заклучила. Таа мислела дека ќерка ѝ ќе може да излезе кога ќе посака, а со неа дека ќе го земе помалото братче.

Влегла во куќата, пушела марихуана и заспала. По три часа ги нашла нејзините две мртви деца.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

Претпладнево, во 10.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата...

Македонија3 часа

Претседателката кај пожарите на Серта: Кога ќе престанат огновите, веднаш да го препрочитаме Законот за управување со кризите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара веднаш да се препрочита Законот за управување со кризите и целосно преиспитување на организацијата внатре, со...

Македонија4 часа

И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полицијата место една

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет-шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на времето...

Топ5 часа

МВР со детали за пукањето во Чаир: повреден е 31-годишник од Скопје

Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен 31-годишниот...

Македонија7 часа

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик....

Македонија9 часа

ЦУК: Oд рани зори се гаснат пожари од земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено. Утрово активни се...

Култура10 часа

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич...

Свет10 часа

(Видео) Шеснаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во Кина

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија...

Европа10 часа

(Фото) Сателитите открија системи „Панцир“ и мистериозни објекти кај резиденцијата на Путин

Сателитските снимки открија дека нов систем за противвоздушна одбрана со краток дострел штити една од резиденциите на рускиот претседател Владимир...

Регион10 часа

Мажи од такси-возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од...

Свет11 часа

Бајден има коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот на Ковид-19, потврди Белата куќа, откако тој присуствуваше на настан во Лас...

Економија21 час

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во...

Македонија1 ден

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија1 ден

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија1 ден

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија1 ден

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија1 ден

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија1 ден

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет1 ден

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...