Контакт

Daily news

Тепачка помеѓу противниците и поддржувачите на новиот српски претседател Вучиќ

Објавено пред

Во тунелот на улицата „Теразија“ во центарот на Белград дошло до судир помеѓу две групи луѓе кои тргнале кон Собранието, каде новиот српски претседател Александар Вучиќ ќе положи свечена заклетва на новата функција, пренесуваат Н1.

Најпрво противниците на Вучиќ биле сопрени кај Безистенот во Белград, пришто полицијата им забранила понатамошен пристап до Собранието бидејќи не го пријавиле протестот, и било побарано тие да се легимитираат. Откако се упатиле назад кон хотелот Москва, одлучиле уште еднаш да се обидат да дојдат до Собранието и влегле во подземниот премин на „Теразија“.

Во тој момент во преминот била група граѓани кои се упатиле на митинг за поддршка за Александар Вучиќ, по што прво настанала вербална, а потоа и физичка пресметка. Најпрво се судриле двајца мажи, при што еден бил турнат по скалите. За да не дојде до поголема тепачка помеѓу двете спротивставени страни, бил направен кордон од десетина мажи, а како што јавува Н1, сè уште не е познато кои биле лицата што го направиле кордонот. /крај/мф

Најново

Македонија1 минута

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија13 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија24 минути

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија47 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет54 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника55 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника1 час

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион2 часа

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура2 часа

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...