Daily news
Тетовец пријавил дека жена му излегла на пазар и не се вратила дома
Седумдесет и четиригодишен тетовец пријавил во полиција дека неговата сопруга пред пет дена излегла на пазар и не се вратила дома.
Според информациите на МВР, вчера во 9.50 часот С.Р. (74) од Тетово пријавил во полиција дека на 3 овој месец околу 10 часот од дома излегла сопруга М.Р. (50) и се упатила на пазарот во Тетово и не се вратила дома.
Таа не била достапна и на мобилниот телефон.
Полицијата презема дејства за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
