Контакт

Daily news

Трамп стави точка на именувањето национални споменици

Објавено пред

Прекинувајќи го она што го нарече “голем грабеж на федерално земјиште”, претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која му даде овластувања на државниот секретар за внатрешни работи да го преиспита назначувањето на десетици национални споменици на федерално земјиште.

За време на церемонијата на потпишување во Министерството за внатрешни работи Трамп изјави дека со тоа ќе заврши “уште една силна злоупотреба на федералната власт” и ” ќе им се врати моќта на државите и на луѓето, односно таму каде што припаѓа.”

Трамп ја обвини претходната администрација дека ја искористила актуелната законска регулатива да стави еднострано милиони акри земјиште и вода под строга федерална контрола.

“Некаде попатно законот стана алатка за политичко застапување место за јавен интерес”, рече државниот секретар Рајан Зинке. „И можеше да се види дека ваквите именувања на споменици беа гледани негативно во некои случаи од страна на локалните заедници, кои се погодени најмногу“, додал тој.

Поранешниот претседател Барак Обама ги разбесни републиканците во Јута кога го прогласи националниот споменик „Мечкини уши“ на повеќе од еден милион акри земјиште што беше свето за Индијанците и беше дом на десетици илјади археолошки локалитети, вклучувајќи антички живеалишта.

Зинке рече дека наредбата ќе опфати неколку десетици споменици низ целата земја создадени од 1996 година наваму .Во текот на последните 20 години, рече Зинке, десетици милиони акри се назначени како национални споменици, ограничувајќи ја нивната употреба за земјоделство, за сечење дрва, за рударство и експлоатација на нафта и гас, како и други комерцијални употреби.

Но, сенаторот Мартин Хајнрих, демократ, изјави дека ако Трамп навистина сака да ја направи Америка повторно голема треба да го заштити јавното земјиште. Во Ново Мексико, означувањето на Рио Гранде дел Норте за национален споменик ја заштити земјата и во исто време ја зголеми економијата. крај/мф

Најново

Македонија2 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Со апсењето на Цуна паѓаат во вода обвинувањата на СДСМ за Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави акцијата на полицијата и приведувањето на наркодилерот Александар Лазаров – Цуна и побараа од СДСМ да се...

Забава4 минути

Малите кујни можат да изгледаат луксузно: Овие трикови целосно го менуваат просторот

Мала кујна денес повеќе не значи откажување од убавината, стилот или атмосферата. Дизајнерите на ентериер исто така имаат мали трикови...

Македонија18 минути

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Култура30 минути

„Кајмак“ на Милчо Манчевски, „Поетроника“ и „Ова не е американски филм“ на Скопско лето

Театарската претстава „Сина сенка“ на Независен театар Златен Елец, која требаше да се одржи денес (15.07.2026г. – среда) со почеток...

Култура33 минути

Изложба „Архитектура на невидливото“ од македонскиот уметник Страхил М. Петровски во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 16 јули (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се отвори изложбата „Архитектура...

Култура36 минути

Театар „Златен Елец“ на летни фестивали на Балканот

Во петок (17.7) во склоп на манифестацијата „Скопско лето“ во Лабораториум во Скопје ќе се одигра претставата „Сина сенка“ од...

Спорт36 минути

Ибрахимовиќ го издвои херојот на Шпанија: Ги пали играчите околу себе и гаси пожари

По закрепнувањето од сериозната повреда на предниот лигамент пред речиси две години, шпанскиот играч од средниот ред Родри ја води...

Спорт43 минути

Англија или Аргентина, Шпанија чека во финалето

Англија и Аргентина вечерва во Атланта ќе го одиграа второто полуфинале на 23-то Светско првенство. Мечот во финалето веќе избори...

Забава53 минути

Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63“

Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел...