Daily news
Турските државјани кои живеат во Германија и Австрија ќе немаат можност да гласаат на референдумот за смртната казна
Турските државјани кои живеат во Германија и Австрија нема да можат да гласаат на турскиот референдум за повторното воведување на смртната казна, изјавиле претставниците на овие две земји, пренесуваат светските агенции.
„Политички е незамисливо да се согласиме со гласањето за работи кои се спротивни на нашите устави и европските вредноси“, рекош Штефан Сајберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел.
„Доколку некоја земја сака да спроведе избори или гласање во своите амбасади или конзулати тука, во Германија, за тоа мора да има одобрение“, рекол Сајберт.
Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, во петокот исто така порачал дека Австрија нема да дозволи на нејзина територија да се спроведе референдум за воведување смртна казна, јавува агенцијата АПА./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
