Daily news
Украдени пари, накит и пиштол од стан во Скопје
Разновиден накит, пари и пиштол биле украдени од стан во Скопје, во периодот од 25 јули до 1 август, во точно неутврдено време.
Според информациите на МВР, В.Б.(54) од Скопје вчера пријавил во полиција дека во неговиот стан на ул. „11-ти Октомври“ е извршена тешка кражба.
Крадеоцт насилно ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре и украл разновиден златен накит (пари, ланчиња, обетки, нараквици, привезоци, прстени, накит “Сваровски“), пиштол „Берета“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола и две рамки со 17 куршуми.
Проценетата штета изнесува околу 450.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
