Daily news
Уште еден малер на „Јунајтед Ерлајнс“
Помалку од три недели откако еден патник беше исфрлен насилно од авионот на „Јунајтед ерлајнс“ на аеродромот во Чикаго, оваа компанија се соочува со уште едно јавно фијаско, заради умирањето на „патник“, џиновски зајак на лет од Велика Британија за САД.
Џиновскиот зајак Симон го минал ветеринарниот преглед три часа пред полетувањето од аеродромот Хитроу во близина на Лондон, пред да полета за САД каде што го чекал купувачот.
Портпаролот на „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека компанијата е “тажна” поради веста и го истражува ова прашање.
“Безбедноста и благосостојба за сите животни кои патуваат со нас е од најголема важност за „Јунајтед ерлајнс“ и нашиот тим”, изјави портпаролот Кевин Џонсон.
Зајакот Симон почина во товарниот дел на авионот Боинг 767, извесно време по полетувањето. Беше стар само 10 месеци и се очекуваше да прерасне во најголемиот зајак во светот, надминувајќи го својот татко, Дариј кој достигна еден метар и 30 сантиметри.
Според најновите податоци од Министерството за транспорт на САД , објавени во февруари, 35 животни загинале при транзит со 17 авиокомпании во 2015 година. На „Јунајтед ерлајнс“ отпаѓаат 14 од тие смртни случаи. Оваа компанија транспортирала околу 100.000 животни во текот на овој период.
“Сум испраќал зајаци низ целиот свет и вакво нешто не ми се случило порано”, рече сопственикот, одгледувач на овие животни. Крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
