Daily news
(ФОТО) Од средината на месецов нова пешачка оаза покрај Студенчишкиот Канал
Од средината на месецов охриѓани и нивните многубројни гости ќе добијат ново катче за одмор и уживање – новата атрактивна пешачка оаза покрај Студенчишкиот Канал.

Големиот канал охриѓани веќе го именуваа како Канал Гранде, споредувајќи се со Венеција. Преку помалиот, пак, директно се влегува во СРЦ „Билјанини извори“, кој располага со терени за сите спортови.
Малиот и големиот канал ќе бидат поврзани на неколку места.

Пешачката зона на новиот мост е долга околу 600 метри. По целата должина ќе има содржини за одмор и рекреација: нова потпора од дрвени колци, камена пешачка зона, хортикултурно уредена, велосипедска патека, мостови кои ќе ги поврзуваат двата канала, клупи и мансарди.
Локалната самоуправа на Охрид инвестира околу 20 милиони денари во овој зафат.

Градежните работи на терен ги изведува охридската фирма „Бифора инженеринг“.
ВМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
