Контакт

Daily news

ЦАС ја потврди казната за Атлетико, клубот не смее да пазари ова лето

Објавено пред

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја одби жалбата на Атлетико Мадрид, по повод забраната на ФИФА за регистрација на нови фудбалери. Според оваа одлука, Атлетико нема да може да биде активен на трансфер пазарот сѝ до јануари 2018 година.

Атлетико Мадрид од страна на ФИФА доби забрана за трансфери во два трансфер периоди бидејќи ги прекршил правилата при трансферите на млади фудбалери. Мадридскиот клуб најпрвин одлуката ја обжали пред ФИФА, а откако истата беше одбиена, се жалеше и до ЦАС. Судот чие седиште е во Лозана исто така ја одби жалбата на „јорганџиите“.

По повод забраната за траснфери во летниот преоден рок, веднаш се огласи Атлетико Мадрид, во соопштението се истакува дека одлуката е неправедна.

„Оваа одлука е неправедна во однос на сличните случаеви и на клубот ќе му нанесе непоправлива штета“, стои во соопштението.

Инаку, ЦАС ја намали паричната казна која треба да ја плати клубот од 900.000 на 550.000 швајцарски франци.

Атлетико казната ја заработи во иститот период кога ФИФА го казни и мадридски Реал, но ЦАС во декември ја прифати жалбата на „Кралскиот клуб“ и му ја преполови забраната, што значи дека Реал во летниот преоден рок ќе биде активен на пазарот.

По исти обвиненија, во 2015 година ФИФА ја казни и Барселона, поради што Каталонците во два трансфер периоди не можеа да регистрираат нови фудбалери.

Најновата одлука на Судот во Лозана ќе го доведе во прашање трансферот на Антоан Гризман во Манчестер Јунајтед, иако клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да ја плати откупната клаузула од 100 милиони евра. крај/мф/нц

Најново

Македонија8 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа10 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт12 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа14 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет19 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт19 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава26 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...

Спорт27 минути

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната. По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза...

Црна хроника27 минути

Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...