Контакт

Daily news

Шефот за комуникации на Трамп си поднесе оставка

Објавено пред

По само три месеци откако беше поставен на функцијата, главниот шеф за комуникации на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа си поднесе оставка, пренесуваат американските медиуми. Искусниот републикански стратег Мајк Дабке беше задолжен да ja реорганизира медиумската стратегија во Белата куќа.

Како што пренесува „Вашингтон пост“, заминувањето на Дабке би можело да значи почеток на сериозни промени во администрацијата на Трамп, која од самиот почеток е заглавена со скандали и контроверзии.
Дабке е уште еден во низата членови од администрацијата на Трамп кој ја напушти службата, а не поминаа ниту пет месеци откако контроверзниот милијардер ја зазеде Белата куќа.Претходно Белата куќа ја напуштија Мајк Флин, советник за национална безбедност, додека добар дел од администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и неговиот зет Џеред Кушнер, се наоѓаат под истрага поради поврзаност со Русија.В.Д

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија8 часа

Потврдени 726 нови случаи на коронавирус во Македонија, седум лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 726 нови случаи на коронавирус, 368 оздравени и седум починати лица, соопшти...

Македонија8 часа

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет10 часа

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ12 часа

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија13 часа

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа14 часа

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет14 часа

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет15 часа

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет1 ден

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет1 ден

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа1 ден

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет1 ден

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија1 ден

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија1 ден

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија1 ден

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион1 ден

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија2 дена

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа2 дена

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет2 дена

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Досие