Daily news
Шпанската полиција уапси 11 лица во операцијата против наводни исламисти
Единаесет лица се уапсени во каталонската престолнина во Барселона во рамките на големата полициска операција против наводни исламисти, која била спроведена во вторникот, пренесува Ројтерс.
Се претпоставува дека меѓу уапсените има лица поврзани со самоубиствените напади во Брисел од март минатата година, во кои загинаа над 30 лица, изјави портпаролот на полицијата.
Сите уапсени се марокански државјани на возраст меѓу 21 година и 39 година
На операцијата ѝ претходеше 11-месечната истрага на група осомничени исламисти кои дејствуваа во областа на Барселона, изјавија органите на прогонот. Истрагата останува отворена. крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
