Daily news
Автомобилските гиганти од Детроит
Отпуштањето на претседателот и главниот извршен директор на Форд, Марк Филдс, ги открива нестабилните позиции на гигантите од Детроит, лулката на автомобилската индустрија на САД. Денес тие се исправени пред предизвиците на технолошките постигнувања на компаниите од Силициумската долина, коментираат експерти.
Педесет и шест годишниот Филдс, беше отстранет во понеделникот откако само три години беше на чело на компанијата, плаќајќи за падот на вредноста на акциите и профитот, но најмногу заради запоставувањето на брендот со овален син амблем во развојот на автономните возила кој предвидуваше да ги пушти на пазарот во 2021 година. Повеќето конкуренти се фокусирани на 2020 година.
Исправен пред тоа, кое аналитиарот Џесика Коулдвел од специјализираната група Edmunds.com го опишува како „следната етапа во транспортот“, Форд не може да си дозволи да заостанува.
Полнокрвни производители на автомобили без возачи или само клиенти на технологиите кои се разработуваат во Силициумската долина? Тројката детроитски гиганти – Џенерал моторс, Форд и Фиат Крајслер – изгледа сеуште не си избрале која улога да ја играат, додека Алфабет (Вајмо), Епл, Убер и Тесла напредуваат со голема брзина вокусирајќи се главно на технологиите.
Способни да се движат самостојно, автомобилите без шофери би требало, барем според нивните првирзеници, да го намалат бројот на сообраќајните несреќи по патиштата и штетите. Тие освен тоа би го рашириле економскиот модел на споделениот автомобил, затоа што нивната цена најверојатно ќе биде претерано висока.
-Отстранувањето на Филдс се случува во период кога трите автомобилски концерни од Детроит сеуште не успеаја да ги споделат напорите во областа на автономните автомобили, коментира Џак Нерад од Кели блу бук.
Па дури и „големата тројка“ да сфатат кои се залозите и да преземат повеќе иницијативи, таа нема јасен курс.
Од една страна, Форд и Џи-Ем сакаат да развиваат сопствени автономни автомобили и направија серија зделки за понуда на милијарди долари на млади долари на млади компании специјализирани во секторото на вештачката интелигенција и современите направи, кои можат да го забележат присуството на предмети или да проценуваат растојанија.
Освен тоа, тие отворија истражувачки центри во срцето на Силициумската долина, ангажираа стотици инженери и веќе се претставуваат како специјалисти по мобилноста.
„Ѓаволот“
Од друга страна, Фиат Крајслер соработуваат со „ѓаволот“: тие им ги понудија минивановите Пацифика на располагање на Вајмо, која неодамна склучи партнерство со системот за резервации на автомобили Лифт, во кој Џи-Ем е еден од главните акционери.
– Тие (Џи-Ем, Форд и Крајслер) се обидуваат да не останат на опашката, коментира Мишел Кребс од Аутотрејдер, дополнувајќи дека „никој не знае кој е правилниот пат кој треба да се следи“.
Според Нерад, „големата тројка“ има предности и недостатоци типични за секој традиционален автомобилски производител. „Постојат значајни производствени ресурси, маркетинг и развојна дејност“, кои бараат значително финансирање и „истовремено се обидува да си објасни каков е интересот на корисниците кон автономните автомобили“.
И обратно, „на технолошките компании не им се наметнува да се тресат за нивните инвестиции затоа што тие немаат фабрики за да ги покриваат нивните расходи“.
– Трите автомобилски концерни кои се исправени меѓу другото и пред проблемот за достигнување на крајните територии на продажбите на автомобили во САД, не сакаат да ги повторат грешките кои доведоа до банкрот во 2008 на Џи-Ем и Крајслер, вториов купен од италијанскиот Фиат, подвлекува Џесика Колдвел. Форд одби да прогласи банкрот и избра да направи тешко преструктурирање, кое вклучуваше затворање на илјадници работни места и затворање на фабрики.
Тогаш компанијата беше обвинета дека задоцнила да се приспособи кон високите цени на нафтата, кои ги натераа американските корисници да ги остават големите автомобили и да си купат мали. „Тие продолжија да произведуваат СУВ и пикапи кои веќе никој не ги сакаше“, потсетува експертката.
И покрај сите напори финансиските пазари претпочитаат да вложуваат во Тесла, иако таа има мало производство. Специјалистот за електрични автомобили го надмина Форд, а потоа и Џи-Ем и стана првиот автопроизводител во САД по пазаарна капитализација.
Двата автомобили на Тесла кои се пушетни на пазарот, Модел С и Модел Икс, имаат помошен систем за возење автопилот, која и овозможува всушност на колата самата да ги прави скоро сите маневрирања.
Вајмо и Убер пак вршат испитувања на автомобили без шофер по улиците на големите американски градови веќе со месеци наназад, а Епл неодамна доби дозвола да тестира автономни автомобили во Калифорнија.
Ако оваа офанзива наведува на мислата дека срцето на американската автомобилска индустрија повеќе се насочило кон Силициумската долина, тогаш гигантите од Детроит се уште не си го кажале својот збор, посочува Џак Нерад.
Според него, не е исклучено „технолошките компании да го оценат како порентабилно понудувањето на нивните иновации за автомобили без возачи на класичните автомобилски групи, отколку самите да ги прават“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.