Daily news
Амандманска расправа за ребалнс на буџетот, ВМРО-ДПМНЕ бараат средства за обештетување од земјотресите во Охрид
615 милиони денари за обештетување на претпените загуби во туризмот во Охрид, Струга и Ресен , преку амандман бара ВМРО-ДПМНЕ.Антонио Милошоски вели дека оваа сума е неопходна како подршка на регитрирание издавачи на сановите, кои не успеаја да ги издадат на туристите.Министерот Тевдовски рече дека оваа сума не може да се реализира ,затоа што од таа ставка што бараат да се распределат се предвидени средства од ИПА проекти за водовод и комуналии .
„Од таа ставка не може да се наменат средства.Само да потсетам во завршната сметкана буџетот видовме дека за поплавите во Стајковци биле предвидени 2,2 милијарди денари, а биле реализирани 700 милиони денари.Така штто оваа сума е висока во споредба со сумата која се издвоила за катастрофалните поплави“, рече Тевдовски.
Милошоски предложи реалокацијата на средства за обештетување да бидат по основ на друга ставка и да се одреди друга сум која ќе се договорат дека е соодветна.
„Регистрираните издавачи на соби претрпеа индиректни штети од најавените аранжамани кои беа откажани. Ако сумата е преголема предлагам да определиме сума која ќе биде на раполагање и комисијата со процедура да утврди како да се изврши обештетувањето“, рече Милошоски.
Пратеникот на СДСМ Васко Ковачевски рече дека барањето за обештетувањето на Охрид , Струга и Преспа е наводна загриженост и замајаување на јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Колку средства баравме и требаме да се одвојат за претрпените штети во овоштарството кога го носевте Буџетот за 2017.Вие тогаш молчевте, со ниту еден збор не дискутиравте по оваа прашање.Играте со двојни аршини, кога сте на власт избегнувате одговорност, а кога сте во опозиција барате одговорност“ рече пратеникот Ковачевски.
Претходно денеска, комисијата го отфли амандманот за обештетување на граѓаните на Охрид од земјотресот. Амандманите на предлог на ВМРО-ДПМНЕ не добија подршка од ДУИ.Ејуп Алими од ДУИ , во реплика на претхндиот амандман рече дека предизвиканата штета од земјотресите во Охрид не е поголема и затоа побара обештетувањето треба да се офрли.
Инаку амандманската распрвава започна вчера и од тогаш разгледани се 5 амандамни од предложените 706.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.