Контакт

Daily news

Антонио Милошоски -„СЈО работи по нарачка на СДСМ“

Објавено пред

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната прес-конференција обвини дека СЈО работи по нарачка на СДСМ, и отвора предмети против функционери на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се дефокусира јавноста од потезите кои ги влече Зоран Заев при формирањето влада со албанскиот блок.

dobivaj vesti na viber

„Од денес до крајот на мандатот СЈО е со една цел, да ‘штанца’ обвиненија за да се дефокусира јавноста од формирањето коалиција на парламентарното мнозинство.
Сметаме дека ваквото однесување на СЈО е на штета на интересот на граѓаните, но во корист на Зоран Заев за да се дефокусира јавноста од правење коалиција на штета на интересите на Македонија. Наместо да се расправа за тоа, СЈО ќе нарачува и поднесува обвиненија за да го тргне фокусот, тоа е целта на СЈО сега, ќе биде и во иднина. “

Според Милишоски, ќе следел притисок врз судството за изрекување ослободителни пресуди за случаите „Сопот“ „Монструм“ и „Диво Насеље“.Тој обвини дека тие се дел од политичкиот пазар помеѓу СДСМ и другите албански партии.

„Договорот е преку судски пресуди издејствувани со политички притисок да се ослободат обвинетите дека не извршиле незаконско дејствије. Со самото тоа ќе се отвори врата за спроведување на другите договорени политички пресуди од случајот ‘Монструм’ и случајот ‘Диво Насеље’. Сите овие пресуди се дел од политичкиот пазар помеѓу Заев и партнерите кои дадоа поддршка за платформата од Тирана, а Заев сака да биде ослободен од случајот ‘Поткуп’“, рече Милошоски.

На новинарско прашање кој е фактот на кој се темели нивното обвинување дека СДСМ е во спрега со СЈО, Милошоски рече дека главен аргумент е тоа што досега СЈО не покренало истрага против ниту еден политичар на СДСМ.

„Самата СЈО потврди дека сите случаи се отворени единствено против функционери од ВМРО-ДПМНЕ.Оваа доволно кажува дека Обвинителството работи под инструкции на СДСМ.Но, СЈО било и ќе помине, ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане“, додаде на крајот Милошоски.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија41 минута

Илиевски: Приоритет за наредните четири години е градинка во село Челопек и дом за стари лица во Брвеница

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник за општина Брвеница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија43 минути

Максим Димитриевски: Мириса на победа уште во првиот круг

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на голема промотивна конвенција во Куманово ги претстави кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за...

Свет4 часа

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички...

Македонија5 часа

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која...

Македонија6 часа

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која...

Македонија6 часа

(Видео) Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Емил Николовски, денеска на прес-конференција го критикуваше кандидатот за градоначалник на Град...

Свет6 часа

(Видео) Бурата Ејми предизвика бројни проблеми: илјадници без струја, откажани летови, затворени железнички линии

Сите осум кралски паркови во Лондон, вклучувајќи ги Хајд Парк и Ричмонд Парк, денеска се затворени поради силни ветрови предизвикани...

Регион7 часа

Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев

Додека сечел дрва во шума, 54-годишен маж бил нападнат од стршлени. И покрај брзата лекарска интервенција, починал на самото место....

Свет9 часа

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ослободи заложници

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас делумно го прифати...

Македонија23 часа

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Топ1 ден

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија1 ден

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Топ1 ден

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија1 ден

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија1 ден

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија1 ден

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија1 ден

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет1 ден

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...