Daily news
Бугарите не се откажуваат од „Фени“, се жалат дека банките им поставиле нереални услови

Официјалните преговори за преземање на кавадаречката фабрика „Фени Индустри“ од страна на бугарската компанија „Енекод“ ќе започнат од понеделник. Бугарските инвеститори кои се заинтересирани за преземање на фабриката соопштија дека не се точни информациите дека пропаднала зделката. Тие во допис до медумите информираат дека со почетокот на официјалните преговори в понеделник, ќе започне и експертска оцека и анализа со цел да се изготви план за ревитализација на „Фени Индустри“.
Од бугарската компанија потврдуваат дека досега имале неофицијални средби со банките кредитори, на кои им било предложено преструктуирање на кредитите за непречено да продолжи со работа фабриката. Но, според „Енекод“ , за жал банките не ги прифатиле нивните предлози и изнеле „нереални услови за исполнување на обврските од компанијата која што се уште не е сопственик на „Фени“.
Компанијата „Енекод“ АД повторува дека не се откажала ниту договорот за купување, ниту пак од условите кои им биеа поставени, но сметаат дека „добрата волја, коректноста и професионализмост се основата на успешниот бизнис“. Тие се надеваат на договор со кредиторите, во интерес на фабриката „Фени“. „Енекод“ во соопштението објаснува дека е еден од кредиторите и доставувачи на електрична енергија за „Фени“.
Во меѓувреме вработените во „Фени Индустри“ од Кавадарци ја добија заостанатата плата и се надеваат дека од понеделник ќе почнат со работа. Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов во изјава за медиумите вели дека заостанатата плата им е исплатена на вработените и оти новиот сопственик од Бугарија не се откажува од Фени Индустри.
Како што објави „Макфакс“, за финализирање на договорот со бугарската компанија останува банките со кои соработува „Фени“ да се согласат на продажба, а за да се согласат, побарале кеш отплата на дел од долгот и гаранции за отплата на преостанатиот дел како доказ за сериозноста во намерите на инвеститорот, но не добиле никакви гаранции ниту, пак, отплата.
„Макфакс“ истражувајќи ја компанијата„Енекод“ дојде до податок дека за првите шест месеци од работењето годинава, компанијата пријавила загуба од 640.000 лева, односно 320.000 евра. За да го преземе „Фени“ компанијата минатата недела се обврза да го плати и целиот долг кој надминува 70 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.