Контакт

Daily news

Вардар влезе во елитното европско друштво

Објавено пред

Вардар во неделата се искачи на европскиот ракометен врв. Келн со златни букви ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет како место на кое Вардар во два дена, во драматични завршници, победи две големи екипи, Барселона во полуфиналето и ПСЖ во финалето.

dobivaj vesti na viber

Финалниот против ПСЖ го реши Иван Чупиќ со гол во последната секунда за конечни 24:23.

Арпад Штербик, голманот кој ја придодаде четвртата европска титула во својата колекција, беше прогласен за МВП на завршниот турнир.

Во идеалниот тим на Лигата на шампионите за оваа сезона најдобар десен бек е Алекс Душебаев, за кого финалето во Келн беше последниот натпревар во дресот на Вардар. Душебаев од наредната сезона ќе игра во Кјелце, каде тренер е неговиот татко Талант.

Идеалниот тим за сезоната 2016/2017 го предводи Раул Гонзалес, кој стана третиот шпански тренер, во изминатите три години со титула во Лигата на шампионите, по Чави Пасквал (Барселона) и Талант Душебаев (Кјелце).

Вардар е шестиот различен тим кој во изминатите шест години ја освоил европската круна.

„Црвено-црните“ се 13-та екипа со титула во Лигата на шампионите.

Македонија е третата држава, по Шпанија и Словенија со титули и во двете конкуренции (Кометал ја освои титулата во 2003 година).

И на крајот Вардар е единствениот тим во Европа чии екипи (машка и женска) играле финале во ЛШ. крај/мф/нц

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија27 минути

Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура

Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода...

Македонија11 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија15 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ16 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ16 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет16 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет22 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија23 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија23 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија23 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија23 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 ден

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 ден

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет1 ден

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија2 дена

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија2 дена

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија2 дена

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...