Daily news
Величковски во САД: Ниту една земја не може да се соочи сама со сите безбедносни предизвици
Напорите на Република Македонија во полето на одбраната за полноправно членство во евро-атланските структури, безбедносните предизвици во регионот, како и важноста на поддршката во ова поле која ја овозможува стратегиското партнерство со САД, биле темите што во своето обраќање ги опфатил генерал-потполковникот Методија Величковски, кој во текот на вчерашниот ден во Конгресот на САД заедно со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј настапил пред конгресмените од Сојузните Држави на САД: Мичиген, Вермонт, Пенсилванија, Охајо, Индијана и Мисисипи, информираат од Генералштабот на АРМ.
„Покажаната пракса во современото опкружување е дека не постои земја која сама може да се соочи со сите безбедносни предизвици. Затоа, за Република Македонија нема друга алтернатива за евро-атланските интеграции. Од почеток на независноста на Република Македонија, македонското политичко и военото раководство се обединети за визијата која македонската национална безбедност мора да ја гради во рамките на колективната безбедност. Во тој процес постојано инвестиравме, остануваме и ќе бидеме посветени да останеме на овој курс“, истакна генералот во своето обраќање.
Пред претставниците на Конгресот била претставена сегашната реалност во безбедносната сфера во Македонија и земјите од регионот, која е обликувана од заканите кои доаѓаат преку комплексноста на миграциската криза и другите безбедносни предизвици, како тероризмот, криминалот, сајбер опасностите, природните катастрофи и други актуелни безбедносни прашања кои ги пречекоруваат државните граници и се однесуваат на сите земји подеднакво, информираат од ГШ на АРМ.
По обраќањето во текот на средбата со конгресмените се разговарало за позитивните резултати од досегашната долгогодишна соработка на АРМ со вооружените сили на САД, преку партнерската програма за соработка која Македонија ја има со Националната гарда на Вермонт.
Притоа од страна на конгресмените била истакната континуираната поддршка на САД, во зајакнување на одбранбените капацитети и зголемување на борбената готовност со цел постигнување потполна интероперабилност на АРМ со армиите на НАТО земјите членки.
Величковски ги искажал стекнатите бенефити и искуства од заедничкото учество на припадниците на АРМ со колегите од вооружените сили на САД во мировните мисии, и меѓународните воени вежби.
За време на посетата делегацијата на АРМ реализирала и неколку издвоени состаноци со конгресмените на кои се разговарало за потребата од понатамошна поддршка на Македонија и АРМ во остварување на аспирациите за полноправно членство во Алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.