Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев: Шуто Оризари предолго беше злоупотребувана општина, на мирни избори го враќаме животот за сите

Објавено пред

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва во скопската општина Шуто Оризари, ги повика жителите да се придружат на севкупната победа во Република Македонија која носи живот за сите.

dobivaj vesti na viber

„Па нели е доста? Премногу години поминаа… Предолго бевте злоупотребувани за изборни потреби, од ваши сограѓани кои работеа за туѓи интереси, а вас ве заборавија. Изминативе 11 години Шуто Оризари е единствена Општина во Европа каде Ромската заедница е мнозинство. Оваа уникатна можност не смееме да дозволиме  да ја пропуштиме. Да покажеме дека во Македонија се живее сложно, и се работи поинаку, во интерес на граѓаните, на сите“, рече претседателот Заев.

Тој побара поддршка од жителите на Шуто Оризари на мирен и достоинствен начин да гласаат за кандидатот за градоначалник на СДСМ и на Коалицијата, Курто Дудуш – Куцо, за кого е убеден дека од оваа општина ќе направи да биде пример за цела Европа.
„Ајде да работиме заедно за да направиме општина во која граѓаните ќе живеат среќно и задоволно и ќе бидат пример не само за Македонија, туку за цела Европа. Здружено само заедно победуваме. Но, тоа ќе го направиме достоинствено. Без насилство и манипулации. Осудувам било какво насилство во изборниот процес и повикувам да се воздржиме сите од било каква активност која би можела да нанесе дамка на изборите.

„Куцо е мој другар и храбар соборец. Со него заедно се изборивме за промени во декември. Како пратеник Куцо храбро се бореше и ги застапуваше вашите интереси во Собранието“, порача вечерва претседателот Заев.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов им најави на жителите на Шуто Оризари дека со нив нема да бидат само пред избори, постојано ќе го слушаат нивниот глас и ќе работат за нив.  

„Тука ќе бидеме и утре, ќе бидеме и наредниот месец. Секогаш ќе бидеме тука за вас. Скопје ќе стане град кој ќе работи со вас.Нема веќе да бидете понижувани, нема веќе да бидете деградирани. Вашите проблеми и барања ќе бидат наша обврска“, рече Шилегов.

Тој најави дека во неговиот мандат Скопје ќе биде град што поврзува и најави дека ќе го релаксираат пристапот до главната улица на Шуто Оризари, со обиколница ќе се пренасочи дел од сообраќајот и ќе се уредат тротоарите.

„Шуто Оризари веќе нема да биде слепо црево на градот Скопје. Затоа што Скопје ќе биде Град што поврзува. Шуто Оризари ќе стане дел од градот и сообраќајно и културно и економски. Скопје ќе стане зелен град. Ќе пошумуваме, ќе правиме паркови, ќе создаваме еколошки здрава средина. А, не како досега да се гушиме во отрови, ѓубре и смет. Имаме многу нови проекти кои што заедно ќе ги реализираме. Обезбедуваме услови конечно во Шуто Оризари да има вода во секој дом. Срамота е 21 век, да стојам овде пред вас и да зборувам дека во Скопје, еј, главниот град на Македонија има луѓе кои што немаат вода за пиење во своите куќи“, порача Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш најави дека, со гасификацијата на Скопје, ќе се реши проблемот што жителите на оваа општина го имаат со високите сметки за струја, во зимскиот период.

„Многу наши граѓани се соочуваат со немање струја со години. Токму затоа, Шуто Оризари е дел од проектот гасификација на град Скопје. Како општина која нема пристап до поекониомични извори за греење, нема повеќе да имаме високи сметки за струја. Сите средства кои досега вие граѓаните ги дававте за наплата на сметки, сега ќе ви бидат заштеда која може да ја инвестирате во образованието на вашите деца“, рече Дудуш. 

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Македонија6 часа

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети...

Македонија7 часа

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг

Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда...

Свет9 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија9 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија9 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија10 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија10 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет11 часа

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет11 часа

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет11 часа

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет11 часа

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет11 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија1 ден

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија1 ден

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија1 ден

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет1 ден

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...