Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Петар Арсовски: „Столе Попов ми дужи до балчак“

Објавено пред

Две години по премиерата на филмот „До балчак“, скап и амбициозен проект, најавен како од висок нациoнален интерес, не ги врати долговите кон дел од учесниците во филмската екипа и угостителската логистика на филмот. Иако речиси сите судски тужби кон продуцентот се пресудени во корист на оштетените, тие не можат да ги наплатат долговите.

dobivaj vesti na viber

Во разговор со некои од нив, велат продуцентот го пренасочи филмот од „национален во личен интерес“.

За овие спорни финасиски одлуки, како и за валидноста на проектот кој државата ја чини близу 3 милиони евра, одговорност не презема никој. Последно ветување оштетените добиле од тогаш актуелниот директор на Агенцијата за филм, Дарко Башевски, кој им рекол дека со дистрибуцијата, односно продажбата на филмот, ќе бидат вратени долговите.

Освен скандалите околу овој филм, што почнаа на неговата премиера пред две години, а предизвикани од режисерот Столе Попов, долговите и општо лошиот впечаток кај публиката, критиката го оцени како лош и непотребен филм во македонската кинематографија.

Актерот Петар Арсовски, еден од оние на кои до денес не им е исплатен хонорарот, вели дека уште во процесот на снимање се чувствувало дека кретивноста и желбата да се направи добар филм биле секундарни во однос на некои други приоритети на режисерот и продуцентот.

СО ПОПОВ СНИМИ УШТЕ ТРИ ФИЛМА

Арсовски пред овој филм, играше во многу значајни македонски филмови со потписот на Попов, како „Среќна нова 1949“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“. И покрај долгогодишното професионално и приватно пријателство, последното искуство ставило крај на соработката.

„Можам да ја направам разликата во работата на претходните филмови и онаа на ‘До балчак’. Се чувствуваше неискреноста уште на старт. Долго ја чекавме реализацијата на овој филм бидејќи сценариото беше подготвено одамна и за мене беше возбудлив предизвик да играм во него. Во филмот нема лага, сè што се случува во процесот на правење, подоцна ќе се види во филмот. Ако гледам како публика, филмот не ми се допаѓа, а како учесник, до денеска не можам да разберам како се случи толкава манипулација и кражба од страна на Столе Попов и Данчо Чевревски“.

Според еден од оштетените угостители, познатиот битолски сопственик на хотелот „Де Ниро“, Драги Филевски, речиси е невозможно некој да одговара за оваа измама иако тој спорот го добил на суд и очекува наплата од извршител.

Нему продукцијата му останала должна околу 3 милиони денари и го оштети толку за да мора да стави клуч на реномираниот хотел. Се обратил и до Агенцијата за филм и до Министерството за култура, но тие се оградиле како сосема ненадлежни во овој спор.

„Експресно добив на суд, тука немаше ништо спорно. Но, како извршителот да ги наплати средствата, тоа е друго прашање. По завршувањето на филмот, продукциите беа затворени со неважечки сметки и практично нема од кого да се наплатат парите. Последен пат тогашниот директор на Агенцијата за филм, Дарко Башевски, ми рече дека парите што ќе се заработат од продажбата на филмот ќе бидат наменети за враќање на долгот, но ништо од тоа не се случи “, ни рече Филевски.

Сите скандалозни етикети што го проследија филмот „До балчак“, од однесувањето на режисерот Столе Попов на црвениот тепих на фестивалот „Браќа Манаки“ до долговите на досега најскапиот македонски филм, не оставија многу простор за уметничка валоризација. Од тоа што малку се напиша, локалната критика го оцени лошо, а публиката не го засака.

Во текот на снимањето филмската екипа ја посети тогашниот претседател на Владата, Никола Груевски, кој ветуваше дека за овој филм нема да се штеди, па дури двапати ја одврза државната каса, откако Попов го пробиваше буџетот.

Според некои проценки, филмот со колосалната загуба (речиси една четвртина од вредноста на проектот) која го води во „була“, а ветувањето дека долгот ќе се покрие со проекциите и заработувачката од билетите е невозможно.

Пресметката покажува дека во најдобриот резултат на кинодистрибуција на филмот во сите киносали во земјава (две во Скопје и 19 низ Македонија), може да се заработат најмалку 150.000 евра во две недели проекција. Ова е време во кое би се исцрпел интересот за делото кај киногледачите. Излегува дека тоа е само една петтина од долговите, па и оваа приказна за одложен надомест на хонорарите за актерите и отштетата на битолските дуќанџии паѓа лесно во вода.

Одговорноста за „пропаста“ на овој голем филмски проект, веројатно, никој никогаш нема да ја понесе, но и натаму се очекува конечна правна разврска. Отворено останува и прашањето дали, сепак, постоело однапред подготвено сценарио за преточување на националниот во личен интерес, со многу оштетени во процесот.

За „До балчак“:

Сценариото е на Горан Стефановски, директор на фотографија Апостол Трпески, сценограф Миленко Јеремиќ, костимограф Емилија И. Атанасовска. Улогите ги играат Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Петар Арсовски и други.

Филмот е снимен во продукција на „Триангл филм“. Постпродукцијата е дело на продуцентската куќа „Fx3x“. Снимањето на филмот почнало во мај 2012 година а филмот е сниман во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Буџетот изнесува 3,6 милиони евра од кои 2,5 милиони ги обезбедила владата, а 500 илјади евра обезбедил Филмскиот фонд.

Остана запаметена последната реплика на актерот Сашо Коцев во „До балчак“ кога вели „Ебати животот ако не си спремен да умреш за него“.

( Повеќе за ставите на Петар Арсовски, за филмот „До балчак“, македонската кинематографија, општеството, политиката, колегите… во видео интервјуто за Макфакс што ќе биде објавено викендов)

А. Василевска

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет3 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет4 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет4 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион5 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет5 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија15 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија16 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија17 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија19 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија22 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ22 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија24 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...