Daily news
(ВИДЕО) Сугарески: Минатата влада правела пропусти тешки над 20 милиони евра, знаеле, а криеле

На почетокот на мандатот на оваа влада информиравме дека затекнавме фрапантна состојба со незамисливи грешки на неколку делници од автопатот Кичево – Охрид. Поради овие грешки, државата, односно, граѓаните на Република Македонија, се оштетени заоколу 100 милиони евра. За жал, милионски штети кои ќе одат на финансиски товар на граѓаните се предизвикани и при изградбата на автопатот Миладиновци – Штип, а причина затоа е неодговорното работење на Владата на ВМРО- ДПМНЕ, изјави на прес -конференција на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Според него, со внимателната проверка на архивите и фактите, дошле до документ насловен како „информација за потребата од склучување анекс кон договорот за изградба на патната делница Миладиновци – Штип заради продолжување на рокот на изградбата“.
„Овој документ ни предочува дека во април оваа година, на само неколку дена пред рокот, кога автопатот Миладиновци – Штип требаше да биде предаден во употреба, министерот за транспорт и врски на претходната Влада, доставил информација до Владата, дека во вкупен обем, дури 32 отсто од работите на патот не се завршени. Повторувам: на само два-три дена до истекот на рокот за изградба на овој автопат. Значи: знаеле за пропустите, знаеле за штетата која е направена врз граѓаните, а пред јавноста ја скриле оваа многу важна информација“, рече Сугарески.
Оваа информација, според него, потврдува дека целата оваа инвестиција од 206 милиони евра ја реализирале со бројни пропусти. Тие пропусти се прецизно наведени во документ што бил доставен до првиот човек на тогашната влада. Листата на пропусти е долга и скапа.
„Во таа листа ќе најдете деталји за пропусти и за неизвршени работи што биле во надлежност на министерството или на јавното претпријатие за државни патишта. Од кинеската компанија „Синохидро“ побарале уште една година за работа на терен, но и дополнителни пари за покривање на ситепропусти – пари на граѓаните! Тоа значи дека уште дополнителни, сега засега, 20 милиони евра, пари на граѓаните на Република Македонија, ќе бидат потрошени како резултат на неодговорното и нестручно однесување на претходната влада. За ова јавноста воопшто не била информирана“, рече министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.