Daily news
Владата го усвои предлогот за измени на Законот за минималната плата од 12.000 денари и одобрени нови 10 милиони евра директна помош за земјоделците
На 19. седница Владата на Република Македонија го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја почна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари.
Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.
Во текот на денешниот ден владата ќе ги достави усвоените измени на предлог-законот до Собранието на Република Македонија на разгледување и усвојување.
На седницата владата даде согласност за распишување за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 и над 3 хектари. На седницата на владата се донесоа измени на Предлог-програмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и Програмата за рурален развој, со кои се издвоија нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците.
Пред министрите од Владата на Република Македонија се најде и информацијата за очекувано производство и откуп на пченица и јачмен, по што беа донесени заклучоци со кои се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да изработи предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година и предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за директни плаќања во земјоделството за 2017.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение од владата да изработи предлог за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи во делот на одредбите што го уредуваат пазарот на брашно.
Во однос на кадровските прашања, Владата на Република Македонија на вчерашната седница ги разгледа и ги усвои кадровските предлози и заклучи да именува членови на управни и надзорни одбори во установи, агенции и други органи што се во надлежност на владата.
Комисијата за кадровски прашања во владата, за секое лице поединечно, ја проверува содржината на поднесената документација за да се провери дали ги исполнува условите за именување и, соодветно на фактите, Владата ќе ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија.
На денешната седница Владата на Република Македонија го разгледа извештајот за работатата на Државниот завод за статистика и усвои одлука за изменување на одлуката за утврдување на националната номенклатура на индустриски производи заради, како што беше појаснето, тековно усогласување со европската номенклатура.
Дел од точките на дневниот ред на денешната владина седница кои се однесуваа на извештајот за работата на АД Македонски железници и транспорт, како и за други активности на ова претпријатие беа одложени поради констатирано отсуство на директорот на АД Македонски железници и транспорт.
Меѓу усвоените точки на дневниот ред се најде и предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.
На денешната седница беше донесена одлука со којашто се доделуваат стипендии на 50 странски државјани со потекло од Република Македонија, од земји во регионот за студирање на државните универзитети во Република Македонија, а исто така Владата на Република Македонија донесе одлука и за бесплатни курсеви по странски јазици за деца од семејства во социјален ризик.
Заменик-претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која претседаваше со вечерашната владина седница, во својата завршница детално ги информираше членовите на владата за текот на Самитот на земјите на Јадранската повелба, за кој рече дека е многу значаен од причини што се отвора реална шанса за сериозно позиционирање на земјата во поддршката што ја добива за остварување на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО.
На седница што се одржа доцна синоќа присуствуваше и заменик-директорот на Дирекцијата за спасување и заштита, Шабан Салиу, кој ги информираше министрите за стостојбата со пожарите во областа на Македонски Брод и на други локации низ земјата. Во тој контекст, Владата на Република Македонија изрази огромна благодарност до Република Бугарија, како и до Република Турција за испратената помош во справување со пожарите. Беше истакнато дека институциите се на терен сè до конечно гасење и локализирање на пожарите, а беа преземени и обврски да се истражат причините за појава на зачестените пожари на повеќе локации низ земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.