Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски реализира 20 отсто од ветеното, толку му е капацитетот

Објавено пред

„Граѓаните на општина Центар за четири години на своја кожа го почувствуваа неработењето на Андреј Жерновски и СДС. Жерновски во својата програма на локалните избори во 2013 година многу вети и многу ги излажа граѓаните. Тој е типичен пример како се однесува СДС со локалната власт кога ќе ја добие довербата на граѓаните“, изјави Сашо Трпески, советник во Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Според него, Жерновски вети замена на 60 дотраени фасади на колективните станбени згради со енергетско-ефикасни фасади, а реконструира само 13. „Математички, реализација околу 20 отсто од ветеното. Толку му е капацитетот. Зошто не можел повеќе кажа претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Човекот бил зафатен со шетање по белиот свет на сметка на општината. Жерновски не можел да се посвети на реализација на ветеното затоа што, според Шиповиќ, некој требало да договара матни зделки и да бара стотици илјади евра од инвеститорите. Шиповиќ ја објасни методологијата на збогатување на Жерновски, а тој премолчи. Немаше ниту тужби за клевета ниту барање за извинување или демант“, вели Трпески.

Тој додава дека жителите на Центар се револтирани и бараат одговорност за ваквото расипничко работење. „Жерновски и СДС ниту знаеле ниту некогаш ќе научат да работат за доброто на граѓаните. Целта на Жерновски е јасна, а тоа е сите четири години како градоначалник на општина Центар да си го полни сопствениот џеб, но и џебот на луѓе блиски до него, со парите на граѓаните. Центарци со право коментираат дека Жерновски ќе остане запаметен како најнеуспешниот градоначалник. Единствено по што ќе биде запаметен се аферите како проектот „Боемска улица“ од 370 метри, која чинеше премногу пари од граѓаните“, изјави советникот во Општина Центар.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Владините коалиционери се договориле до крајот на оваа недела да се дефинираат кадровските решенија по излегувањето на Арбен Таравари од...

Македонија1 час

(Видео) Данела Арсовска во живо се вклучи од објект во Чаир: „Дивоградба на државно земјиште“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир.   Таа...

Македонија2 часа

Ристоска: Поради мојата кандидатура за судија во ЕСЧП, цел сум на клевети и напади

Во изминатиот период, поради мојата апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, цел сум на неосновани...

Свет2 часа

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како...

Македонија2 часа

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги...

Македонија4 часа

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Македонија4 часа

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешните работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше дека вчера Собранието, на предлог на Министерството...

Македонија4 часа

Голема полициска акција во Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет5 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет7 часа

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет7 часа

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа8 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија8 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија22 часа

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија22 часа

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија1 ден

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија1 ден

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија1 ден

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија1 ден

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...