Daily news
ВМРО-ДПМНЕ повторно бара одговор што договорил Заев во Бугарија

„Зоран Заев го крие договорот со Бугарија затоа што тој прави штета на државата и граѓаните и сака сè помалку да се зборува за тој договор“, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата соопшти дека има уште еден месец до најавеното потпишување на договорот помеѓу Бугарија и Македонија, според нив, „договоран од Заев во Софија во нетранспарентен процес целосно, далеку од очите на македонската јавност, која директно ќе ги чувствува ефектите од истиот“.
„Помина еден месец од договорот кој Заев не го обелоденува на јавноста, а со кој се однесува на македонската држава. Многу е јасно дека Заев не сака да се знае за штетниот договор. Токму ваквото однесување и штетниот договор што го преговара Заев отвори тендеција со која се задира во постоењето на македонската држава, па слушнавме изјави како онаа на коалицискиот партнер на СДС дека илинденското востание било бугарско, навивачите од Бугарија кои напишаа дека Македонија е бугарска, па сè до изјавите дека имаме заедничка историја која не е само македонска, дека македонски јазик не постои итн., изјавите на Божидар Димитров дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и дека спроведувањето на договорот што Заев го договорил ќе значи крај на македонизмот, изјави кои Заев не ги осуди, ниту демантираше, што како премиер е должен да го прави“, соопшти партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „Заев во текот на изборната кампања ветувал експертски дебати и јавни расправи за секое позначајно општествено и државно прашање, за сега да гледаме дека тоа било една голема лага“. „Македонските граѓани од Заев не добија одговор што договорил во Софија, но затоа го слушнаа Заев кој отиде и чекор понатаму па не само што не ги осуди бугарските националистички изјави туку од Софија си ја обвини сопствената држава дека ширела национализам и омраза, без да каже кога и кон кого Македонија ширела национализам и омраза“, соопшти партијата.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека е за градење добрососедски односи, со сите наши соседи, базирани на заемно почитување и обостран напредок и развој, но никогаш нема да се согласи на нешто што е во спротивност со македонските државни и национални интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.