Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги игнорира земјотресите во охридско-преспанскиот регион  

Објавено пред

Десетина дена сè почести и за жал сè посилни се земјотресите во охридско-преспанскиот регион кои централната власт предводена од СДС ги игнорира и се однесува како да не постојат, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот земјотрес од 5,1 степени по рихтер предизвика паника во Охрид, а информациите од терен говорат и дека е предизвикана материјална штета на објекти.

Централната власт ги заборави Охрид, Струга и Ресен, а граѓаните во нив се чувствуваат како да се отсечени од Македонија секогаш кога се наоѓаат во некаква кризна состојба“, изјави Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ.

Централната власт, рече таа, нема издадено препораки за однесување во вакви критични моменти кои загрижените граѓани треба да ги следат.

„Граѓаните не знаат дали се побезбедни во своите домови или надвор од нив, каде постои друга низа опасности особено пред повисоките објекти. Граѓаните не знаат каде да пријавуваат штети, и да побараат проверки на статиката на своите домови после овие се позачестени и посилни земјотреси кои што се игнорирани од власта“, рече Затуровска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија1 час

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија5 часа

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија6 часа

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија7 часа

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...

Европа9 часа

„Путин знае дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, затоа и не влегува во конфликт, алијансата нема да биде вовлечена во војна“

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да и дозволат...

Свет9 часа

(Видео) Неверојатна снимка токму во моментот на нападот: како изгледаше Бејрут кога се активирале пејџерите

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос од панорамата на Бејрут, главниот град на Либан, кога точно во 15 часот...

Европа10 часа

(Видео) Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“

Домовите се евакуирани во северниот италијански регион Емилија-Ромања бидејќи бурата Борис, која од минатата недела однесе најмалку 24 животи во...

Свет10 часа

Јапонската компанија: Овие воки-токи не сме ги произведувале од 2014 година

Јапонскиот ИКОМ соопшти дека моделот на нивните воки-токи поврзани со експлозиите во Либан бил прекинат пред една деценија и дека...

Свет10 часа

Блискиот Исток се соочува со најголемата војна во последните 50 години, предупредува саудискиот амбасадор

Блискиот исток е најблиску до регионална војна во последните 50 години, предупреди саудискиот амбасадор во Велика Британија. Принцот Калид бин...

Свет10 часа

„Ирански хакери краделе информации за кампањата на Трамп и ги испраќале до луѓето на Бајден“

Ирански сајбер актери испратија е-пошта во текот на летото до луѓе вклучени во тогашната кампањата за реизбор на американскиот претседател...

Македонија21 час

Од денеска нема да има загарантирани работни места на Албанците и другите немнозински заедници, честито Таравари, велат од Алијанса за Албанците

По предупредувањата на претставниците на моноетничката Влада, Мицкоски, Димитриевски, Таравари, денеска Уставниот суд направи голем чекор од проектот за деалбанизација...

Македонија22 часа

„Вреди“за „балансерот“: Одлуката нема да смени ништо за правата на Албанците, но е инспирирана од криминалните структури на претходната власт за создавање дестабилизација

„Вреди“ остро реагира на одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н....

Македонија24 часа

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

Уставниот суд денеска поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за...

Свет1 ден

(Видео) Нови експлозии во Либан: експлодирале воки-токи

Воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале во средата доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија...

Македонија1 ден

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

И покрај поднесениот обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за...

Топ1 ден

Кривични против осум лица и три фирми по несреќата на автопатот Скопје – Куманово кога загинаа татко и син

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и...

Македонија1 ден

Мицкоски патува во Брисел: Ќе ја пренесам фрустрацијата на народот, пречките за ЕУ се вештачки наметнати

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,...

Свет1 ден

Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста

Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за...

Свет1 ден

(Видео) Објавена првата снимка од остатоците на подморницата „Титан“

Првата снимка од подморницата „Титан“, направена по нејзината смртоносна имплозија во јуни 2023 година, беше објавена вчера на јавната расправа...