Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не ги почитува законите, незаконски разрешува и назначува

„Незаконските разрешувања и назначувања станаа начин на работа на Владата на СДС“, обвини денеска Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ презентирајќи случај поврзан со разрешувања и назначувања во АД за давање услуги во воздухопловната навигација.
„СДС уште еднаш докажува дека за него не постои ниту правото, ниту правниот систем ниту, пак, ги почитува законите. Па, така, Владата на СДС најпрвин на 3 август носи одлука за назначување тројца членови на Надзорниот одбор, директно потпишана од господинот Зоран Заев, со која назначени се Ангел Папеш, Весна Павлов и Едмонд Калиќи. На таа седница од страна на Надзорниот одбор именувани се новите извршни директори на воздухопловната навигација и техника – Климент Чепуновски и Николче Тасески, кој воедно треба да е и претседател на Управниот одбор на институцијата. Но, сè би било во ред доколку при барање за упис на новите членови на Надзорниот одбор во Централниот регистар на 24 август барањето не би било одбиено од страна на Централниот регистар поради еден од членовите кој имал незавршени обврски кон Централниот регистар“, вели тој.
Според Србов, на 30 август повторно е поднесено барање за упис на членовите на Надзорниот одбор, со што повторно е одбиено од страна на Централниот регистар. „Со ова се докажува дека новоизбраните двајца директори на СДС се незаконски избрани и нивните одлуки и акти во изминатите период се незаконски. Сите нивни одлуки и акти ќе бидат незаконски и ќе подлежат на кривична одговорност. Сериозноста на работата на институцијата не дозволува Владата на СДС да си поигрува со назначувањето раководни лица во истата институција. Ова е преседан и срам за Владата на СДС. Со ова се делегетимираат институциите, се става во опасност работењето на институцијата и, најважно, некој за ова кривично ќе одговара, за грубо прекршување на законите. Ова е следење на беззаконието и самоволието што го демонстрира изминатиов период господинот Зоран Заев, а го најави уште одамна со менувањето во секоја институција од чистачка до министер“, вели Србов.
Тој ги повикува овие незаконски назначени кадри, кои заедно со сите инволвирани во случајот на незаконско именување, кои ќе одговараат кривично, да си поднесат оставка во најбрз можен рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.