Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Судот направи преседан со одржувањето на рочиште без присуство на Миле Јанакиевски

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека денеска судот направил преседан одржувајќи рочиште без присуство на Миле Јанакиевски и неговата одбрана. Преседанот да биде поголем, како што велат од таму, Миле Јанакиески ниту бил информиран, ниту бил уредно повикан на денешното рочиште што е спротивно на законските одредби.

dobivaj vesti na viber

„Со таквиот чин директно му беше оневозможено да се произнесе за случајот и грубо му беше повредено правото на одбрана загарантирано за секој граѓанин на Република Македонија. Со ова се суспендира и законот и Уставот на Република Македонија и уште еднаш се покажува дека наместо правен, се води политички процес. Принципот за еднаквост е основен елемент на правото на правично судење во смисла на чл.6 од Европската конвенција за човекови права. На секоја странка во постапката мора да и биде дадена можност да го презентира својот предмет, под услови што не го ставаат во понеповолна положба во однос на неговиот противник“ се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во основните права на обвинетиот е регулирано дека обвинетиот мора да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана, а особено да му бидат доставени доказите против него и оние во негова корист. Во основните права на обвинетиот е регулирано дека истиот мора да има можност да се произнесе за фактите и доказите кои го товарат како и за оние кои му одат во прилог. Одбраната не смее да биде лишена од можноста да изнесе аргументи под истите услови како и обвинителството.

Дека се работи за политички процес укажува и фактот што Миле Јанакиевски секој петок се пријавува во судот и тогаш Апелациониот суд можел уредно да му достави покана, а редовно присуствува на сите рочишта како на Основниот суд така и на Апелациониот суд што јасно покажува не го попречува судот во своите активности, се додава во соопштението.

„Судскиот совет мора да го преиспита ваквото постапување на апелација за да се стави крај на ваквите правни преседани. Денешната јавна расправа мора да се повтори за да се отстранат сите небулози на СЈО дека Јанакиески или кој било друг функционер нема право на приватност и може незаконски да биде прислушуван и тој и неговото семејство, а потоа тие монтирани разговори да се употребуваат за се и сешто“ велат од партијата.

Сосема е јасно дека се прават политички спектакли и се суспендира правото, како дел од политичкиот процес против ВМРО-ДПМНЕ.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет46 минути

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Министрите за надворешни работи на 13 земји преку писмо го предупредија Израел против сеопфатна воена офанзива врз градот Рафа во...

Свет1 час

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, повторно негираше дека разменилe оружје со Русија, објави државната...

Европа1 час

(Видео) Украинците го нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија11 часа

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија15 часа

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...

Македонија16 часа

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Македонија16 часа

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија17 часа

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Според објавената анкета на Центарот за aнкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто...

Економија17 часа

Германските компании ги испорачаа своите желби до новата влада: „Бизнис-климата е добра, но недостигот на стручни кадри е најголем ризик за инвестирање

Бизнис-климата во земјата е добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од...

Македонија19 часа

Митровски објави дека адвокат му починал пред очите: „Помодре и не даваше значи за живот, колега почина на работното место“

Адвокатот Јанаки Митровски преку својот фејсбук-профил сподели информација за тоа дека во Граѓанскиот суд, односно на судење, починал негов колега...

Регион20 часа

„Секој треба да си го сработи својот дел“: порака од самитот на лидерите од регионот и ЕУ

Планот за раст на Западен Балкан претставува јасен сигнал за посветеноста на Европската Унија за економска и демократска трансформација на...

Македонија22 часа

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Љупчо Палевски-Палчо, првосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по синоќешната екстрадиција, го издржува 30-дневниот притвор што му...

Македонија23 часа

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Oтстапувањето...

Македонија24 часа

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...

Свет1 ден

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...

Свет1 ден

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност по вчерашното повеќекратно застрелување во обид за атентат, изјави вицепремиерот....

Свет1 ден

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за...

Свет1 ден

Три лица загинаа во авионска несреќа во Тенеси

Три лица загинаа откако мал авион се урна во американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Очевидец ја пријавил експлозијата...

Македонија1 ден

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој...