Daily news
ВМРО-ДПМНЕ ја скенира состојбата на училиштата во општина Центар
Директорката на основното училише „Св. Кирил и Методиј“ изјави дека тоа претрпело најголемо оштетување од земјотресите што се случија пред една година и каде што има записник направен од ИЗИС, во кој се вели дека треба да се направи задолжителна санација на ѕидовите што се распукани и оштетени на плафонот и во вертикална страна. Дали е повикано лице од соодветните институции да ја увиди оваа ситуација и да ја гарантира безбедноста на учениците во тие училници бидејќи и покрај дадениот апел од директорката за оваа итна санација, имаме информација дека сè уште нема никаква реализација.
Во истото ова училиште треба да се направи водоводната и канализациската мрежа бидејќи во тоалетите на главата на учениците им капе вода од горниот кат и тоа сè уште не е ни почнато да се реализира. Најболната точка на ова училиште е фискултурната сала за која минатата влада предводена од Никола Груевски донесе одлука за градба и беа обезбедени финансиски средства, но таа обврска сега ја има Владата предводена од СДС. Оваа сала требаше да биде готова до почетокот на учебната година, а сè уште не е.
Поминаа две години од наводното труење на учениците во ОУ „11 Октомври“ од водата, при што незаконски беше разрешена тогашната директорка, а воедно беше ветена реконструкција на водоводната и канализациската мрежа. До денес таа сè уште не е сменета. Дотраените врати, клупите и столчињата сè уште се дел од инвентарот на ова училишта.
Во ОУ „Кочо Рацин“ директорката се пожали на состојбата на училишниот двор и побара менување на бекатонските плочи бидејќи постојните ја загрозуваат безбедноста на движењето на учениците. Фасадата е во многу лоша состојба, а ова училиште беше најпогоденото од големите врнежи што беа минатата година и беше поплавено. Иако беше посочено дека сè уште протекува од покривот, направената е мала санација во тој дел.
ОУ „Димитар Миладинов“ има навистина сериозен проблем во однос на фасадата, при што директорката уште на почетокот на летото апелира за итна санација дека има одрони и стравуваше дека доколку не се реши овој проблем, до септември ќе биде опасно за учениците. Септември дојде, а фасадата е сè уште недопрена. Прашуваме: Кој ќе сноси одговорност доколку падне дел од фасадата, односно да има одрони и тие да повредат некое дете?
Основното училиште „Коле Неделковски“ мака мачи да ги осигури безбедноста и грижата на учениците од сообраќајниот метеж пред тоа училиште. Прашуваме: Дали може да ја гарантирате безбедноста на учениците и нивните раодители? Директорката на ова училиште успеа самостојно да обезбеди странска донација и да го реновира целосно училиштето со клупи и корпи за отпадоци за училишниот двор, а замоли локалната самоуправа само да го уреди хортикултурно дворот.
Ова лето помина лежерно за локалната самоуправа предводена од СДС. Со ова може да видиме колку оваа власт се грижи за училиштата каде што има градоначалници од своите редови. Место да се искористи овој летен период за санација и обезбедување услови за непрекинато и безбедно воспитание и образование, очигледно оваа власт предводена од СДС се насочува кон негово уништување“, порача Робалиев, без да ги спомене проблемите во училиштата што се во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.