Контакт

Daily news

Гаврилов: Новата Влада наместо да штеди како што најави, набавува октоподи, морски плодови и цвеќиња

Објавено пред

Новата Влада очигледно има намера народните пари да ги троши, освен за вдомување на своите соросови платеници и за набавки на октоподи, морски плодови, цвеќиња и слични непотребни трошоци, обвини денес Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Имено службата за општи и заеднички работи при владата објави оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари. Повторуваа дека граѓаните немаат пари за леб, а откако дојдоа на власт нивните пари ги трошат за сопствени задоволства и луксузна храна која народот не само што не може да си ја дозволи, туку единствено ја гледа само на филмовите“, рече Гаврилов на прес конференција пред Владата.

Тој понатаму додаде дека наместо да штедат како што најавуваат, СДС продолжуваат со нивното расипништво и парите на граѓаните на Република Македонија ќе ги трошат и на цвеќиња.

„Министерството за надворешни работи објави оглас за набавка на цвеќиња во вредност од 305.700 денари. На нивната дволичност и нема крај. Од една страна зборуваа за сиромаштија на граѓаните на Република Македонија, а од друга страна гледаме недомаќинско трошење и луксузирање со октоподи и морски плодови. Најавуваа штедење, а може да видиме само трошење на народните пари за задоволување на сопствените хедонистички пориви“, истакна Гаврилов.

Тој рече дека уште еднаш се видело дека владата на СДС е влада на елитите, а не на граѓаните.

„Функционерите на Зоран Заев од својот луксуз не можат да ги видат секојдневните потреби и проблеми на граѓаните. Наместо тие да им помагаат на граѓаните, тие ги трошат нивните пари на елитизам и луксузи“, рече Гаврилов. /макфакс/

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Таравари не кажува дали бара 40 отсто кандидати за градоначалници, но тврди дека состојбата во коалицијата ВЛЕН е релативно стабилна

Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН тврди дека состојбата и во коалицијата ВЛЕН, но...

Македонија49 минути

Уште пет пациенти денеска ќе се вратат од странство: четири од Шпанија и еден од Грција

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информира дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од...

Македонија1 час

„Тоа е рана што никогаш нема да зарасне, ќе крвави во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко, кој се врати од лекувањето во Белград

Дарко Стојанов, кој по стравотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство, вчера пристигна дома. Тој беше пречекан...

Македонија1 час

Вработените во Филхармонија ќе бараат кривична одговорност од Љутков, не го прифаќаат незаконскиот избор на директор

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е...

Македонија2 часа

Запленети парфеми, облека, обувки, цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милион денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис...

Македонија2 часа

Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“: продолжува истрагата за пожарот во Кочани, соопшти МВР

Вчера, од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д. Ј., неговото возило „инсигнија“ и во два...

Македонија3 часа

„Селективна правда не е правда, зошто ниеден актуелен функционер не е опфатен со истрагата“, прашува СДСМ

„Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна...

Европа4 часа

Русија: Украински дронови соборени над Црното Море неколку часа по делумното примирје

Украински беспилотни летала се соборени над Црното Море, тврди руското Министерство за одбрана – само неколку часа откако беше договорен...

Свет5 часа

Трамп ги пофали Турција и Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Турција како добро место и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како добар...

Свет5 часа

(Видео) 18 загинати во Јужна Кореја: земјата е погодена од еден од најлошите пожари во историјата

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги...

Свет15 часа

Што се’ денес договорија САД, Русија и Украина

САД денеска постигнаа договор со Украина и Русија за прекин на огнот во Црното Море и ветија напори за запирање...

Македонија16 часа

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното...

Македонија16 часа

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава...

Македонија19 часа

(Видео) Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов, велат од неговата гимназија

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот...

Македонија21 час

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија21 час

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија24 часа

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...

Македонија1 ден

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат...

Македонија1 ден

Пациентите со тешки повреди на рехабилитација ќе одат во странство, веќе има понуди од неколку западноевропски држави, вели Таравари

Од 115 пациенти повредени во пожарот, кои се лекуваат во странство, денес во земјата се враќа еден пациент, кој се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски го стопира разрешувањето на јавниот обвинител: Ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до онаму каде што...