Контакт

Daily news

Героски: Палевски е кукавица, ништо од најавенaта „шлаканица со селфи“

Објавено пред

„Мојот ‘дуел’ со лицето Љупчо Палевски пред локалот ‘Манда’ помина така како што предвидов и како што бев предупреден од некои мои пријатели – со кукавички напад од непрокопсаникот (ме поли со ‘боите на шарената револуција’), со поддршка од воодушевената багра во спомнатиот локал, на чело со сопственикот Маниќ, кој, пак, одигра една мала, божем позитивна, епизодна ролја во претставата. Значи, ништо од најавената ‘шлаканица со селфи’, ништо од што морав да се бранам. По нападот, неколкупати го повикав кукавицата Палевски да дојде и да ја реализира својата закана, чекав цели 15 минути, но тој, се разбира, не собра сили за такво нешто“, напиша главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Слободен печат“, Бранко Героски, на својот профил на Фејсбук откако напладне бизнисменот Љупчо Палевски го посипа со боја пред скопското кафуле „Манда“. Како што најавија, двајцата точно напладне се појавија на закажаниот двобој, кој претходно го закажаа на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Героски вели дека ги замолил сите пријатели кои му понудиле поддршка на ниту еден начин да не се вмешуваат, дури и ако биде физички нападнат. „Навистина најискрено и безгранично им благодарам што ме послушаа, иако знам дека им беше непријатно молкум да го гледаат нападот. Нивното нереагирање го ценам како исклучителен пријателски и другарски гест. Неочекуван дури! Вклучувајќи го тука и нереагирањето на ‘алфите’, за кои некаде прочитав дека биле присутни на местото на настанот“, пишува Героски.

„Спротивно на шпекулациите раширени на социјалните мрежи дека се обидувам да го ‘наместам’ Палевски, бев целосно свесен дека тој и неговата багра од ‘Манда’, веројатно во содејство и со други луѓе од полицијата (еден ми напиша порака и ми навести дека ќе се легитимира пред мене), спремиле сценарио и се очекуваше само да кренам рака или да направам каков било  потег во самоодбрана, што ќе беше протолкуван како напад од моја страна. Затоа одлучив мирно да го издржам ‘перформансот’ со боите“, се наведува во постот на Героски.

Тој смета дека која било друга реакција ќе била протолкувана како напад од негова страна, „гарнирана со лажни тврдења дека организирал група за поддршка, дека повикал ‘алфи’ и полицајци и слично“. „Ете, се виде кој бил кукавица, се виде кој беше опкружен со цела тајфа поддржувачи (меѓу кои не само јадниот Тошке Пендаров туку и некои други новинарски ‘фаци’ кои добро ќе ги запаметам!), се виде кој се обиде да испровоцира напад и кој подготвил сценарио што требаше да заврши со моја нервозна реакција и со веројатно приведување. Но ете, тоа не се случи. Цената за тоа ја платив стоички, спремен тоа да биде протолкувано како врвно понижување“, пишува Героски и додава: „Сакам да ви кажам дека не се чувствувам посрамен или понижен што бев полиен со боите на шарената револуција. Малку бил незгоден изборот на боите, што во моментов ми создава мали здравствени проблеми, реакции на кожата и слично, но тоа е нешто што ќе помине. Јас знам дека шарената револуција денеска е мртва и главно преточена во бирократскиот апарат во шампитата на ‘Илинденска бб’, но во мене сè уште се живи сеќавањата на маршевите на кои и јас учествував, иако, да бидам искрен, никогаш не фрлав бои, ниту носев некакви посебни симболи. Не сакав до толку да се препорачувам себеси за идната поделба на придобивките на револуцијата, која, нели, по правило, ги јаде своите деца“.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија4 часа

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...

Македонија6 часа

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...

Македонија7 часа

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија7 часа

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија8 часа

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ8 часа

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија9 часа

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...

Македонија9 часа

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години...

Свет11 часа

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион11 часа

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа11 часа

Обвинител: Грабежот во „Лувр“ е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет12 часа

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....

Македонија19 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија19 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија19 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија20 часа

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија20 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија21 час

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...