Daily news
Гоговски: Теарце заслужува подобар и просперитетен живот

„Теарце заслужува подобар и просперитетен живот. Заедно со тимот ќе се залагам за зголемување на економскиот раст и вработеноста посебно со отворање нови работни места во земјоделството како рурална општина, пораст на животниот стандард на граѓаните, заштита на животната средина, а со тоа и подобар и поквалитетен живот на општината Теарце, којашто ќе стане добро место за живеење и атрактивна и привлечна дестинација како и одржување добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебната толеранција и почитување, подеднаков третман на сите граѓани бидејќи со векови сме мултиетничка и мултикултурна општина“, порача Војо Гоговски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Теарце.
Тој најави повеќе проекти како: обезбедување локации за отворање погони за откуп, преработка и промет на други шумски производи, локации за отворање огони за флаширање на вода за пиење, изградба на основно училиште за паралелките од македонски наставен јазик во село Непроштено, изградба на повеќенаменско спортско игралиште во село Доброште, субвенции за набавка на печки за пелети, субвенционирање на домаќинствата, односно надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колекторски системи во домаќинствата, реконструкција на водоводот со чиста вода за пиење во село Лешок, како и целосна реконструкција на водоводната мрежа на водоводот на село Лешок бидејќи системот е во многу лоша состојба и има големи загуби на вода, изградба на нов резервоар за чиста вода за пиење во село Непроштено…
„Доброто на граѓаните, решавањето на нивните проблеми и потреби е наш приоритет. Нашиот слоган е секогаш работа, секогаш Македонија, граѓаните знаат кој работи за нив и создавањето на подобра иднина за нивните деца. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ сè што ветува и реализира“, вели Гоговски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.