Daily news
Граѓанските организации со листа барања до идните градоначалници
Во рамките на проектот „Денот потоа: Локални избори“, Фондацијата Фридрих Еберт- канцеларија Скопје во соработка со прогресивни граѓански организации и претставници од академската фела, во периодот септември-октомври 2017 година организираше активности за унапредување на состојбите во општеството на локално ниво во Република Македонија.
Активностите се одржаа во општини од сите 8 плански региони во Македонија (Велес, Штип, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Маврово/Ростуша, Општина Центар, Град Скопје и општините на територијата на Скопје). Координаторите од граѓанскиот сектор од секоја од општините имаа задача да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор со цел да се креираат барања во различни области кои денес се претставија до кандидатите за градоначалници во тие општини.
Со потпишувањето на наведените барања, кандидат(к)ите за градоначалници прифаќаат, штом ја добијат довербата од граѓаните, да се формираат мешани работни групи од општинската администрација и организациите/индивидуите кои ги креирале барањата со цел да се изнајдат решенија за имплементација на самите барања. Сите овие активности ќе подлежат и на граѓански мониторинг, а целиот овој процес ќе биде поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт во периодот до крајот на мандатите на градоначалниците.
Денешните прес конференции/настани во горенаведените општини беа насловени „Обврска сега! За денот потоа!“, а од страна на Фондацијата Фридрих Еберт поканети беа сите кандидат(к)и за градоначалници за вклучените општини. Барањата на организациите од граѓанскиот сектор беа презентирани до нив во директна консултација.
Во сите општини присутни беа кандидат(к)ите за градоначалници на коалицијата предводена од страна на СДСМ, а дополнително во Град Скопје и Општина Центар присуствуваа и кандидат(к)ите за градоначалници од партијата ЛЕВИЦА. Во Охрид присуствуваше и независниот кандидат Стевче Стевоски. Сите присутни кандидати ги потпишаа барањата креирани од организациите од граѓанскиот сектор и дадоа „Обврска
сега! За денот потоа!“.
Штом овие кандидат(к)и ја добијат довербата на граѓаните, веднаш започнува процесот на меѓусебна соработка и исполнување на барањата од граѓанскиот сектор поддржан од страна на Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.