Daily news
Груевски во Кавадарци: СДСМ извадија криминалци од затворите за изборни цели
Македонија четири месеци живее во помрачување. Имаме нова власт која на секој чекор применува незаконско и насилничко работење и не се кријат во тоа. Се чувствуваат осилени, не од народот бидејќи тие знаат дека народот не ги донесе на власт. Знаеме сите кој ги донесе на власт, затоа мислат дека може се да прават. На 15-ти октомври овој народ ќе им покаже дали треба да се осилени или исплашени, изјави на вечерашниот митинг во Кавадарци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Зборувајќи за кампањата на СДСМ како нивен политички опонент, Груевски вели дека „повторно имаат купишта лажни ветувања како минатата година“. „Ќе ви ветат се што сакате да чуете, а за исполнување „аврио“. Навреди, омаловажувања колку што може да направат, гнев и омраза. Третиот елемент во нивната кампања е оној во кој зборуваат дека ќе донеле живот за сите, како ние тука да не сме живи, ќе донеле воздух, енергија. Слушаме постојано апстрактни поими, демагогии, а ништо конкретно и реално“, рече тој.
Според првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во периодот пред почетокот на кампањата власта извадиила од затворите криминалци, заради изборни цели, за да ги искористат во изборите. „Македонија четири месеци живее во помрачување. Имаме нова власт која на секој чекор применува незаконско и насилничко работење и не се кријат во тоа. Се чувствуваат осилени, не од народот бидејќи тие знаат дека народот не ги донесе на власт. Знаеме сите кој ги донесе на власт, затоа мислат дека може се да прават. На 15-ти октомври овој народ ќе им покаже дали треба да се осилени или исплашени“, посочи Груевски.
Тој додаде дека при неодамнешната средба која ја имал со министерот за надворешни работи на Грција Коѕиас за време на неговата посета во Македонија, тој му кажал дека би сакал проблемот со Грција, Македонија да го реши исто како со Бугарија. „Тоа што следува по локалните избори е на таков начин да се реши и проблемот со Грција, да се прифати се што Грција бара од Македонија. Нити сте дале согласност за тоа, нити некој ве прашал. Не само што одат спротивно на волјата на народот, туку се обидуваат да протнат неуставни закони за теми за кои пред изборите ветуваа дека нема да ги прават, а најмалку дека ќе ги прават спротивно на Уставот“, додаде Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.