Daily news
Груевски: Со концептот за минимална плата СДСМ ќе ги залаже граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при денешната посета на населеното место Волково истакна дека во минатото, кога СДСМ беше на власт, не постоела категорија наречена минимална плата.
– Иако синдикатите тоа го бараа, иако тоа беше долгогодишно барање на работниците, сè додека СДСМ ја имаше владата, такво нешто не постоеше и не се дозволуваше. Во 2008 или 2009 ВМРО-ДПМНЕ, иако го немаше ветено, првпат воведе Закон за минималната плата, загарантирана плата. Потоа неколкупати се зголемуваше таа минимална плата и тоа зголемување беше во согласност со условите на стопанството, во согласност со можностите на стопанството. Од една страна, работниците да добијат поголема минимална плата, од друга, да не пропаднат компаниите – посочи Груевски.
Според него, СДСМ во трка за повеќе гласови донесе одлука и објави ветување со кое предвидува еден непродуктивен концепт на минимална плата.
– Со овој концепт практично ќе ги залажат граѓаните на краток период, на штета од шест месеци до година. Потоа тој концепт ќе стане неодржлив така што за една-две години отсега ќе стане сосема јасно за каков неодржлив концепт станува збор. Имено, она што го предвидуваат е на оние фирми што што имаат загуби, значи, на фирмите што имаат негативно работење, кои имаат проблеми во работењето и кои не го водат својот бизнис соодветно. Во периодот од шест, односно 12 месеци, делумно Владата да им компензира одредени средства помеѓу разликата од сегашната плата и минималната плата, но не одговараат на прашањето „што потоа?“ Ќе поминат тие шест месеци, ќе помине една година, што потоа? – прашува Груевски појаснувајќи дека потоа фирмите ќе ги намалуваат минималните плати, односно ќе почне концептот на враќање.
Според него, компаниите ќе ја исплаќаат минималната плата, но потоа работникот ќе биде принуден да врати дел од нив зашто поинаку таа компанија не би можела да опстане.
-Второ, ќе има исто така и ситуација на отпуштање работници. Ќе има можеби и ситуација на преселување компании, особено на овие големите, мултинационалните компании, што дојдоа во Македонија. Тие нема да си дозволат да ги принудуваат работниците да им ги враќаат парите или да ги отпуштаат или нешто слично. Ако не им се понуди некоја компензација, тие ќе си заминат, ќе одат во држава каде што комотно по закон ќе работат и нема да бидат во ситуација да не можат да го исполнат законот. Тие не можат поради една несериозна Влада и нејзината желба да ги измами граѓаните пред избори да се доведат во ситуација да направат законски престап и да губат насекаде. Така што ќе се доведат компаниите и, пред сè, работниците во една незавидна ситуација – истакна Груевски.
Тој вели дека има многу компании, особено во текстилната индустрија, каде што работниците земаат минимална плата, а работодавецот зема и по 4-5 илјади евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.