Контакт

Daily news

Дебар без вода по повеќе од пет часа

Објавено пред

Градот Дебар кој се снабдува со вода за пиење од водоводот Росоки –Дебар и оваа лето има проблеми со водоснабдувањето. Поголемиот дел од градот дневно нема вода за пиење по повеќе од пет часа. Најтешка е состојбата во населбите Венец 1 и Венец 2 , Центарот како  и во некои други населби во градот.

dobivaj vesti na viber

Во јавното комунално претпријатие ,,Стандард“ велат дека проблемот со водоснабдувањето е поради злоупотребата на водата за пиење за наводнување на земјоделски  и други зелени површини. Но, нема информации дали некој е казнет за злоупотребата, бидејќи добар дел од жителите на градот имаат големи проблеми со водоснабдувањето. Во јавното претпријатие кое управува со водоводот, нагласуваат дека во резерварот се влеваат повеке од 100 литри вода во секунда , но сепак реакциите на населението се големи .

Последните две години Дебар преку меѓународни фондови реализираше проекти за балансирање во водоводната мрежа за што беа инвестирани над 4670 илјади евра. Беше извршена санација на повеќе главни  шахти  на водоводот, а беа поставени и дигитални мерачи на вода. Ефектите ги има, но не се на потребното ниво, велат познавачи на водоснабдувањето во Дебар .

Злоупотребата на водата бара санкциии, наведуваат претставници на невладиниот сектор.

М.Н.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија12 минути

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија12 минути

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија12 минути

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија1 час

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија3 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија3 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија6 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија7 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија7 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ9 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија9 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ9 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет10 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија11 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет11 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет11 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет11 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет11 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ1 ден

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...